EUR/USD падна минатата недела откако ФЕД одлучи да ги задржи каматните стапки на 5,5%, што се и очекуваше. Позитивните податоци од САД кон крајот на неделата го поддржаа доларот во однос на повеќето други валути.
GBP/USD се намали бидјеќи каматните стапки останаа непроменети. Но, Банката на Англија сигнализираше дека би можело да дојде до намалувањето на каматните стапки на нејзините претстојни состаноци, поради падот на инфлацијата.
USD/JPY продолжи да расте и го допре највисокот ниво во четири месеци бидејќи Банката на Јапонија ја прекина својата политика на негативни каматни стапки. Каматните стапки беа зголемени за 10 базични поени, што е прв пораст по 17 години.
Цената на златото скокна на највисоко ниво бидејќи претседателот на ФЕД, Џером Пауел, ги задржа стапките на 5,5%. Очекувањата за намалување на стапките во јуни се зголемија по говорот на Пауел. Во петокот се случи нападот во Москва во концертна сала, за кој одговорноста ја презеде ИСИС, што ги зголеми глобалните тензии.
Берзанските индекси достигнаа највисоки нивоа на сите времиња по состанокот на Фед. Технолошките акции ги надминаа акциите од другите сектори, но Apple сѐ уште се соочува со регулаторни проблеми во САД и ЕУ. Двете регии покренаа антимонополската истрага против Apple поради, како што велат, обидите на компанијата да ја задуши конкуренцијата.
Цената на нафтата се зголеми по регистрирањето на четиримесечно највисоко ниво на почетокот на неделата. Украина продолжи со напади врз руските нафтени рафинерии. Овие напади уништија околу 11% од вкупниот производен капацитет, известува Блумберг.