CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 04/01/2021 - 08/01/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 06/01/2021

06 јануари, 2021
Неделни анализи 06/01/2021 Економски календар

Еврото малку се промени минатата недела, притоа ги зачува претходните (големи) добивки. Сепак, Германија ги продолжи своите мерки за спречување на ширењето на коронавирус до крајот на јануари, додека бавното темпо на имунизации и скромната дистрибуција влијаеја врз натамошниот раст на еврото.

Еуфоријата по пост-Брегзит договорот помина, а новите мерки за спречување на ширењето на позаразниот вид на коронавирусот во Велика Британија, врши притисок врз британската валута.

Јапонскиот јен продолжи да заздравува бидејќи доларот остана придушен по усвојувањето на мерките за фискален стимул во американскиот Конгрес.

Граѓаните на Џорџија излегуваат на гласање во вторник за да утврдат контрола врз Сенатот, што може да го одреди патот на доларот во првата половина на 2021 година.

Индексите на американските берзи продолжија да растат поради пост-ковид оптимизам, но високите проценки и неизвесноста околу изборите во Џорџија предизвикуваат нестабилност. Инвеститорите се загрижени и за судбината на Џек Ма, коосновач на најуспешната кинеска технолошка империја „Алибаба“, кој не се појави во јавност или објавил што и да на социјалните мрежи од крајот на октомври.

Цената на златото нагло порасна на првиот ден на тргувањето во 2021 година поради очекувањето дека Деморатите ќе победат во Џорџија, што ќе ја отвори вратата за пакет од (неколку) милијарди долари помош во следните месеци Нивото на отпор од 1900 е скршено.

Цената на сурова нафта беше нестабилна, но ги консолидира претходните добивки за време на редовниот состанок на ОПЕК +, во понеделникот и вторникот. Министрите од групата на производувачи на нафта разговараа за деталите за квотите од февруари наваму. Иранското запленување на јужнокорејски брод во понеделникот зголеми тензии на Блискиот исток, туркајќи ја цената на нафтата WTI кон 50 долари за барел.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега