CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 11/01/2021 - 15/01/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 13/01/2021

13 јануари, 2021
Неделни анализи 13/01/2021 Економски календар

Еврото нагло падна во однос на доларот. Зголемувањето на приносот на долгорочни државни обврзници го зајакна доларот (кој е во зона на прекумерна продажба) во однос на сите главни валути. Пандемијата продолжува да беснее на двете страни на Атлантикот. Последиците по собирите во текот на празниците допрва ќе ги гледаме.

Британската валута остана на пониски нивоа поради влошената здравствена состојба во Велика Британија и строгите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Сепак, Ендру Бејли, гувернер на Банката на Англија, во вторникот рече дека негативните стапки се контроверзно прашање, што ја поддржа фунтата. Фунтата, исто така, најде поддршка кај зголемувањето на стапката на вакцинација во Велика Британија.

Јапонскиот јен ослабе кога доларот се покачи поради зголемувањето на долгорочните приноси.

Изборите во Џорџија покажаа дека контролата врз американскиот Сенат сега е во раце на Демократите, што може да продолжи да врши притисок врз доларот во наредните месеци.

Индексите на американските берзи благо пораснаа. Во петокот, големите банки треба да ги објават своите квартални извештаи, со што ќе отпочне сезоната на заработки.

Цените на златото беа во слободен пад бидејќи растот на приносот на обврзниците ја намали привлечноста на благородните метали.

Цената на сурова нафта нагло се зголеми откако министрите на земјите произведувачи на нафта одлучија да не го зголемуваат производството. Згора на тоа, Саудиска Арабија одлучи доброволно да го намали своето производство за 1 милион барели дневно во февруари и март. Дополнителен поттик обезбеди натамошниот пад на резервите на сурова нафта во САД.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега