Еврото малку се промени во споредба со доларот. Со зголемувањето на бројот на инфекции, здравствените експерти предупредуваат дека сегашните ограничувања нема да бидат доволни. Затоа Германија, половина од Италија и централна Франција или воведуваат нови или ги пролонгираат постојните мерки. Од друга страна, вакцината на Астра Зенека против КОВИД-19 е одобрена од Европската агенција за медицина. Како и да е, ЕУ заостанува зад САД каде се зголемува бројот на вакцинирани луѓе.
Британската фунта ослабе откако ЕУ изрази подготвеност да го блокира извозот на вакцините на АстраЗенека во Велика Британија. Покрај тоа, Националниот институт за алергии и заразни болести на САД објави дека некои од податоците на „АстраЗенека“ се застарени, фрлајќи нови сомнежи во врска со тековното решение за имунизација.
Јапонскиот јен малку зајакна како резултат на влошување на глобалното расположение поврзано со ризик. САД, ЕУ, Велика Британија и Канада воведоа санкции против кинеските власти за кршење на човековите права во Синѓанг.
Генерално, оптимистичките економски перспективи на САД продолжија да го поддржуваат доларот.
Цената на златото малку се промени движејќи се малку над нивото 1700 долари. Обновувањето на цената е кревко, додека негативните притисоци остануваат силни.
Индексот S&P 500 достигна нов рекорд, но потоа се повлече бидејќи приносите на десетгодишните државни обврзници на САД достигнаа 1,75%. Дистрибуцијата на фискалните стимули ги развеселува инвеститорите, додека претседателот Џо Бајден наводно размислува за инфраструктурен план вреден 3 трилиони долари, кој ќе биде претставен оваа недела.
Цената на нафтата нагло падна како резултат на комбинираниот ефект на нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот низ цела Европа, зголемениот број на инфекции низ целиот свет, со уште поголем број на нафтени платформи и залихи во САД. Покрај тоа, предвидувањата на американската ЕИА - дека до крајот на оваа година глобалната побарувачка на нафта ќе биде 2,5 милиони барели дневно помалку отколку што се сметаше претходно - предизвикаа пад на цената на нафтата. Појакиот долар влијаеше и врз цените.