CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 29/03/2021 - 01/04/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 31/03/2021

31 март, 2021
Неделни анализи 31/03/2021 Економски календар

Еврото е во слободен пад во однос на доларот движејќи се близу најниските нивоа на оваа година, бидејќи ЕУ продолжува да се бори со вакцинирањето. Европските политичари вперуваат прст едни кон други, додека се бројот на инфекции зголемува, а населението е фрустрирано поради новите мерки. Како и да е, ЕУ заостанува зад САД каде се бројот на вакцинирани луѓе зголемува, додека околу 90% од Американците ќе имаат право на вакцина до 19 април.

Британската фунта се промени малку. Велика Британија продолжува да ја отвора повторно својата економија, а случаите на Ковид-19 паѓаат обезбедувајќи поддршка во однос на доларот.

Јапонскиот јен ослабе силно. Разликата на каматната стапка помеѓу државните обврзници на САД и Јапонија се шири, предизвикувајќи растот на валутниот пар над нивото 110.

Генерално, индексот на доларот се зголеми порада подобрената економска перспектива на САД, додека приносите на САД се зголемија, продолжувајќи да ја поддржуваат американската валута.

Цената на златото продолжи да паѓа и во вторникот се движеше под нивото од 1700 долари. Зголемувањето на приносот на американските обврзници и растот на цената на Биткоин предизвикува падот на жолтиот метал.

Индексот S&P 500 се приближи на друго историско највисоко ниво поради зголемување на апетитот за ризик на инвеститорите. Фискалниот стимул е добро прифатен од инвеститорите, додека претседателот Бајден треба да го претстави својот колосален план за инфраструктурини трошкови во среда.

Цената на нафта малку се зголеми минатата недела. Суецкиот канал се отвори во вторникот по неколкудневна блокада предизвикана од заглавениот товарен брод. Фокусот беше насочен кон состанокот на ОПЕК + во четвртокот каде што ќе се расправува за квотите за снабдување во услови на нови мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот. Сепак, посилен долар влијае на цената на нафта.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега