CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 05/04/2021 - 09/04/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 07/04/2021

07 април, 2021
Неделни анализи 07/04/2021 Економски календар

Еврото најде поддршка и малку закрепна минатата недела по долгиот пад. Во основа, не се променија многу нешта на подобро за еврото, но доларот падна откако претседателот Бајден минатата недела го претстави својот план за инфраструктурни издатоци, сигнализирајќи нов круг на печатење долари. ЕУ сè уште заостанува зад САД кога станува збор за вакцинацијата, што врши негативен притисок врз заедничката европска валута.

Британската фунта зајакна во однос на доларот, имајќи корист од своето ниво на прекумерна продажба и најавата на владата на Велика Британија дека ќе продолжи со својот план за олеснување на мерки на 12 април. Велика Британија сè уште се двоуми околу дозволувањето меѓународни патувања. Јапонскиот јен ги консолидираше своите претходни загуби бидејќи разликата на каматната стапка помеѓу државните обврзници на САД и Јапонија го предизвика растот на валутниот пар. Сепак, приносите на САД забавија, додека референтниот 10-годишен принос на американските обврзници се движи околу 1,7%. Генерално, индексот на доларот се повлече од зголемениот апетитот за ризик...

Ова помогна да се опорави цената на златото и повторно да се тргува со благородниот метал над нивото 1700 американски долари, а границата останува околу 1730 американски долари.

Индексите Доу Џонс и С & П 500 достигнуваат највисоки нивоа, бидејќи распределбата на фискалниот стимул, успешната вакцинација во САД и одличните макроекономски податоци продолжија да им даваат поддршка на индексите. Американската економија отвори повеќе од 900.000 работни места во март, што е најдобра бројка за НФП од почетокот на пандемијата. Секторот за услуги во САД има добри резултати, додека индексот PMI ги победи проценките за речиси пет поени во понеделникот.

Цената на нафта малку се промени минатата недела. ОПЕК + одлучи во четврток дека ќе произведува дополнителни 350.000 барели дневно во мај и јуни, и дополнителни 400.000 дневно во јули. Де факто лидерот, Саудиска Арабија, првично не сакаше зголемување на производството, но попушти на притисокот од остатокот на картелот. Од друга страна, Европа како еден од најголемите потрошувачи на нафта продолжи да се бори со Ковид, додека Индија како трет најголем купувач на нафта и Бразил се соочуваат со многу тешка здравствена состојба, што го намали расположението на трговците.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега