CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 30/08/2021 - 03/09/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 01/09/2021

01 септември, 2021
Неделни анализи 01/09/2021 Економски календар

Еврото зајакна во однос на доларот. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, во петокот посочи дека FED не брза да го намали купувањето на обврзниците во вредност 120 милијарди (месечно). Податоците за ИПЦ во еврозоната беа многу повисоки од очекуваните, покажаа податоците во вторникот. Ова може да ја натера ЕЦБ да започне да размислува за промена во нејзината политика на нулта каматна стапка и, следствено, да го поддржи растечкиот тренд на EUR/USD.

Британската фунта малку заздрави. Главниот двигател беше слабеењето на доларот. Инфекции со Covid-19 во Велика Британиј остануваат на високи нивоа. Сепак, бројот на дневни инфекции се уште се движи околу 30,000.

Јапонскиот јен малку се промени во однос на доларот. Генерално, индексот на доларот нагло се повлече, под притисок на падот на приносите на американските државни обврзници како дополнителен негативен фактор за доларот. Во петок, најновите податоци од американскиот пазар на труд ќе бидат во фокусот бидејќи FED ги посочи бројките за работни места како важен елемент на нејзините тековни размислувања.

Цената на златото во петокот го надмина нивото 1800, консолидирајќи ги добивките во понеделник и вторник, бидејќи преовладуваше оптимистичкото расположение. Привлечноста за златото како средство на сигурното заслониште доби поттик откако се засили загриженоста за глобалното економско закрепнување во услови на континуирано ширење на варијантата Делта.

Американските индекси во понеделникот достигнаа рекордно највисоко ниво, бидејќи силниот говор на Пауел во петокот продолжи да обезбедува поддршка за цените на акциите.

Цената на нафта порасна минатата недела пред ураганот Ида, кој во неделата стигна во Соединетите Американски Држави како ураган од категорија 4, запирајќи околу 94% од крајбрежното производство на нафта и гас во Мексиканскиот Залив и предизвика „катастрофална“ штета на мрежата на Луизијана. Околу 1,72 милиони барели производство на нафта во САД беше уставено по евакуацијата на 288 платформи. Сепак, ОПЕК+ ќе се состане во среда. Состанокот најверојатно ќе продолжи со јулскиот план за произведување 400.000 барели дневно секој месец до декември.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега