CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 27/06/2022 - 01/07/2022

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 29/06/2022

29 јуни, 2022
Неделни анализи 29/06/2022 Економски календар

По падот минатата недела, еврото благо се зголеми во однос на доларот. Акцентот на пазарите оваа недела е Форумот на ЕЦБ што се одржува во Португалија, а на кој присуствуваат членовите на главни централни банки. ЕЦБ може да обелодени нова шема за купување обврзници за да ги ограничи приносите/распонот на разлики во цените на својот состанок за монетарната политиката во јули.

Британската фунта благо се промени во однос на доларот, останувајќи на пониските нивоа. Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трус, изјави дека Велика Британија нема да ја исклучи можноста за користење на членот 16. Предлог-законот за протоколот на Северна Ирска, која што ја помина својата прва пречка и покрај жестоките критики од страна на некои конзервативни поддржувачи, како што е и поранешната премиерка Тереза Меј, која изјави дека овој потег е нелегален и непотребен.

Јапонскиот јен зајакна во однос на доларот потврдувајќи го своето долгорочно слабеење. Севкупно, индексот на доларот се движеше под 103 поени во услови на малку позитивно поместување на сентиментот за ризик и повисоки приноси.

Цената на златото се движеше во тесен опсег околу нивото 1830 долари. Загриженоста за светското економско забавување и агресивната монетарна политика на големите централни банки ја поттикнаа нестабилноста, но во тесен трговски опсег.

Сите главни американски берзански индекси закрепнаа минатата недела по големиот пад, што го доживеаа претходната недела. Индустрискиот просек на Dow Jones се зголеми за 5 %, S&P 500 скокна за 6 %, по тринеделното губење, а технолошкиот Nasdaq Composite се зголеми за 7 %.

Цената на нафтата се зголеми минатата недела, откако изгледите за уште поголемо намалување на снабдувањето се раширија низ пазарот, бидејќи групата од седум држави вети дека ќе го заостри притисокот врз увозот на нафта од Русија. Додавајќи на проблемите со снабдувањето, Либија и Еквадор сигнализираа потенцијално намалување на глобалното снабдување поради политичките немири и тешкотии во нивните земји. Во вторникот цената на WTI повторно се движеше над нивото од 110 долари. ОПЕК+ се состанува во четврток за да разговара за квотите за производство.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега