Сурова нафта, неделна пазарна прилика за растечки тренд, базирана на 1.00 Lot:
- ПРОЦЕСОТ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА СЕ ШИРИ НА ГЛОБАЛНО НИВО, ПРИ ШТО ДОСЕГА СЕ ИСКОРИСТЕНИ 1,94 МИЛИЈАРДИ ДОЗИ, ШТО Е 34,7 МИЛИОНИ ДОЗИ ПРОСЕЧНО НА ДНЕВНОТО НИВО. Процесот на вакцинацијата ги задржува високите шанси дека сѐ повеќе и повеќе земји ќе се отворат повторно во текот на летото, што би можело да ги зголеми патувањата и последично употребата на нафта. Тоа би можело да ја поддржи цената на нафта.
- ПОБАРУВАЧКАТА ЗА НАФТА ПРОДОЛЖИ ДА ЗАЗДРАВУВА: Аналитичарите очекуваат увозот на нафта да се зголеми на 11-11,5 милиони барели дневно во идниот период, што би можело да преставува раст во однос на 9,82 милиони барели во април.
- Побарувачката за нафта и бензин во САД продолжи да заздравува при што на Денот на Спомин на 31 мај отпочна сезона на возење: Резервите на нафта во САД (17-21 мај): ЕИА проценува дека резервите на нафта паднале за 1,662 милиони барели. ЕИА го објави падот од 1,746 милиони барели на бензин. ЕИА објави дека резервите на дестилати (дизел и авионскио гориво) паднале за 3,013 милиони барели.
- ЕВРОПА и ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ќе почнат со постепено отворање, што би можело да предизвика зголемување на потрошувачка во текот на летото. На почетокот на неделава, ЕУ објави дека ќе ги отвори своите граници за целосно вакцинирани луѓе, што би можело да го зголеми обемот на патувања во текот на летото. Од друга страна се очекува Обединетото Кралство потполно да се отвори до 21 јуни 2021.
- Инфекциите со КОВИД-19 во ИНДИЈА паѓаат и на 1 јуни бројот изнесуваше 133 илјади, што е голем пад во однос на 400 илјади забележени на почетокот на мај. Со падот на бројот на инфекции и власта би можела да ги попушти некои од мерките, што би можело да предизвика раст на потрошувачката на нафта и бензин. ИНДИЈА е третиот најголем потрошувач и увозник на нафтата во светот и некогаш увезуваше повеќе од 5 милиони барели дневно.
- ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ЗА НУКЛЕАРНИОТ ДОГОВОР ВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНА УШТЕ ЕДНА РУНДА ПРЕГОВОРИ, ШТО КРАТОРОЧНО НЕ МУ ОВОЗМОЖУВА НА ИРАН ДА ГО ЗГОЛЕМИ СВОЈОТ ИЗВОЗ: Светските сили и Иран веројатно нема да го постигнат договорот во тековната рунда преговори, чија што цел е оживување на нуклеарниот договор од 2015 година, велат иранските официјални лица. Али Рабиеи, портпаролот на иранската влада изјави дека преговорите би можеле да се финализираат во август, кога се завршува мандатот на претседателот Рухани.
- МИСЛЕЊЕ НА АНАЛИТИЧАРИТЕ (ГОЛДМАН САКС / СИТИГРУП): Голдман Сакс очекува побарувачката за нафта да се зголеми за 5,2 милиони барели дневно во следните шест месеци. Проценува дека цената на суровата нафта ќе биде околу 77 долари за барел. Ситигруп исто така очекува цената на нафтата да се зголеми во текот на летото, поставувајќи ја цената на 75 долари за барел.
Сурофа нафта, 2 јуни 2021
Сегашна цена: 67.50
СУРОВА НАФТА |
Неделен |
Правец на трендот |
РАСТ |
Отпор 3 |
75.00 |
Отпор 2 |
73.00 |
Отпор 1 |
70.00 |
Поддршка 1 |
65.30 |
Поддршка 2 |
63.50 |
Поддршка 3 |
62.00 |
Пример на пресметка врз основа на неделниот правец на трендот за 1.00 Lot*
СУРОВА НАФТА |
||||||
ПИВОТ ТОЧКИ |
Отпор 3 |
Отпор 2 |
Отпор 1 |
Поддршка 1 |
Поддршка 2 |
Поддршка 3 |
Профит или загуба во $ |
7,500.00 |
5,500.00 |
2,500.00 |
-2,200.00 |
-4,000.00 |
-5,500.00 |
Профит или загуба во €** |
6,145.17 |
4,506.46 |
2,048.39 |
-1,802.58 |
-3,277.43 |
-4,506.46 |
Профит или загуба во £** |
5,307.40 |
3,892.10 |
1,769.13 |
-1,556.84 |
-2,830.62 |
-3,892.10 |
Профит или загуба во C$** |
9,059.25 |
6,643.45 |
3,019.75 |
-2,657.38 |
-4,831.60 |
-6,643.45 |
* 1.00 lot е еквивалент со 1000 единици
** Датум и време на девизниот курс употребени за калкулациите се 08:00 GMT+1 02 06 2021
Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате Вашата поддршка.
*** Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако профитот е понизок од предложениот.
**** Trailing stop техниката може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.