CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.
Пребарувај

AMAZON

Специјални извештаи - 20/06/2022

20 јуни, 2022

Наведениот пример користи Договори за разлика (CFD). Калкулациите се применуваат само за цените на одредени инструменти за наведениот датум и калкулациите претставуваат можна прилика за добивка или загуба. Нема гаранции за прецизноста и потполноста на овие информации, значи, секое лице кое доносува одлука според тие информации, тоа го прави целосно на сопствен ризик.

АМАЗОН НИО (#AMAZON) неделната пазарна прилика кај растечкиот курс на валутниот пар, базирана на 1.00 Lot:

ГЛОБАЛНА Е-ТРГОВИЈА:

  • ГОЛЕМИНА НА ПАЗАРОТ (ОЧЕКУВАНО: 5,55 трилиони долари во 2022): Пазарот на е-трговијата (онлајн продажба) се очекува да изнесува 5,55 трилиони долари во 2022, што е околу 21% од вкупната малопродажба (26,42 трилиони). Пред две години 17,8% од продажбата беше извршена онлајн.

  • ГОЛЕМИНА НА ПАЗАРОТ (СЕ ОЧЕКУВА 7,3 ТРИЛИОНИ ВО 2025, РАСТ ОД 30% ВО ОДНОС НА 2022): Пазарот на глобалната е-трговија би можел да се зголеми на повеќе од 7,3 трилиони долари во 2025, во однос на 4,921 трилион во 2021. Се очекува е-трговијата низ целиот свет да претставува 24,5% од глобалната продажба во 2025 година, што е раст од 19,6% достигнато во 2021 и 17,8% во 2020.

  • УДЕЛ НА ПАЗАРОТ ПО ДРЖАВИ: Кина зазема 52,1% од глобалниот пазар, САД 19%, ОК 4,8% и Јапонија 3.0%. Остатокот от светот покрива 21,1%.

  • УДЕЛ НА ПАЗАРОТ ПО КОМПАНИИТЕ И ПРОДАЖБАТА: Алибаба (Таобао и Тмалл) заземаат 24,00%, додека Амазон зазема 13% од пазарот на глобалната е-трговија. ЈД.цом зазема 9,20% од пазарот.

Е-ТРГОВИЈА ВО САД:

  • ГОЛЕМИНА НА ПАЗАРОТ (843 милијарди долари): Е-трговија во САД изнесуваше 843,15 милијарди долари во 2021. Американскиот пазар се зголемуваше за 19,7% од 2017 година.

  • ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАСТ НА ПАЗАРОТ (ОД ВКУПНАТА МАЛОПРОДАЖБА ВО САД): Е-ТРГОВИЈА ВО САД ВО 2021 ГОДИНА ЗАЗЕМАШЕ 13,2% ОД ВКУПНАТА МАЛОПРОДАЖБА ВО САД И СЕ ОЧЕКУВА ДА СОЧИНУВА 22% ВО 2025. До тоа време, продажбата би можела да се искачи од 843,14 млијарди долари на 1,33 трилиони.

  • УДЕЛ НА ПАЗАРОТ: Амазон (41%), Волмарт (6.6%), еБеј (4.25%), итн.

АМАЗОН (АНАЛИЗА И НАСТАНИ)

  • КОМПАНИЈАТА: Амазон е најголемиот онлајн малопродажник според пазарната капитализација (1,17 трилиони долари). Основана е од милијардерот Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе на светот.

  • НАСТАН (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ ВО РАЗМЕР 20:1): СТАПУВА НА СИЛА ОД 6 ЈУНИ 2022. Според МаркетВоч, инвеситорите ја доживуваат поделбата на акции како знак на доверба во компанијата од страна на менаџмент, зашто поделбата обично се случува кај акциите кои зад себе имаат биковскиот моментум. Поделбата исто така ја зголемува ликвидноста, правејќи ги акциите подостапни за поголем број на инвеститори, нешо што Амазон го потврди кога ја објави поделбата.

    СТАТИСТИКА: Од 1980 година, акциите на компаниите што ги поделиле своите акции, типично се зголемуваат за 25% во следната година, во однос на поширок пазар, на кој се зголемуваат за 9%, покажува најнова студија на Банка на Америка.

    НЕОДАМНЕШНИТЕ ПОДЕЛБИ НА АКЦИИ И ПЕРФОРМАНСА НА АКЦИИТЕ (ИЗВОРИ: YahooFinance, Bloomberg, Fortrade MT4):
    Епл (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 7:1, стапи во сила на 9 јуни 2014): 3 месеци: +8,69%, 6 месеци: +19,26%, 12 месеци: +37,00%.
    Тесла (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 5:1, стапи во сила на 31 август 2020): 3 месеци: +28%, 6 месеци: +53%, 12 месеци: +65,91%
    Епл (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 4:1, стапи во сила на 31 август 2020): 3 месеци: -4,5%, 6 месеци: +2,11%, 12 месеци: +22,00%
    НВидиа (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 4:1, стапи во сила на 20 јули 2021): 3 месеци: +17,60%, 6 месеци: +30%, 12 месеци: /

    *Имајте во предвид дека минатите резултати не гарантираат исти резултати и во иднина.

  • ГЛАСИНИ: АМАЗОН БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ДОДАДЕН НА ИНДЕКСОТ ДОУ ЏОНС 30. Амазон стана кандидат за да се додаде на најважниот индекс во САД, Индустрискиот индекс Доу Џонс 30. Некои аналитичари, вклучувајќи и Велс Фарго, велат дека Амазон би можел да биде додаден заедно со Гугл, по поделбата на акциите на Гугл на 18 јули.

  • ДВИЖЕЊЕ НА ЦЕНАТА НА АКЦИЈА: АКЦИИТЕ ДОЖИВЕАЈА ПАЃАЧКА КОРЕКЦИЈА ОД ОКОЛУ 47,00% ОД НАЈВИСОКОТО НИВО НА СИТЕ ВРЕМИЊА 188,55. Акциите паднаа на најниското ниво од пандемијата на КОВИД-19, блиску до 100 долари (5 април 2020). Амазон неодамна се движеше околу нивото 102, а ако заздрави до највисоките нивоа на сите времиња, тоа ќе претставува раст од 85%.

  • МИСЛЕЊЕ НА АНАЛИТИЧАРИТЕ: Морган Стенли предвидува 175 долари. Дојче Банк очекува 174 долари. Голдман Сакс очекува 170 долари. Креди Суис предвидува 185 долари. ЈПМорган предвидува 200 долари.

  • НАСТАН (AMAZON PRIME DAY): 12-13 јули 2022. „Prime Day“ е ексклузивната продажба на Амазон, што се случува еднаш годишно. Вклучува само корисници кои имаат активно Amazon Prime членство. Амазон понудува илјади производи со попуст на овој ден, и тој обично служи како најголемиот ден во година по компанијата, кога станува збор за приходи, креирајќи повеќе продажба од Црн петок или Сајбер понеделник.

    СТАТИСТИКА: Во 2021 година, продажбата во текот на овој настан достигна рекордно високо ниво од 11,2 милијарди долари, додека Црниот петок во 2021 создаде 8,9 милијарди долари приход. Според статистиката, откако Амазон почна да организира AMAZON PRIME DAY во 2015, акциите на Амазон се зголемувале 20 и 10 дена пред настанот, во просек 0,34% и 6,28%.


Извор на податоците I: YahooFinance
Извор на податоците II: Statista
*Имајте во предвид дека минатите резултати не гарантираат исти резултати и во иднина.

AMAZON (#AMAZON), 20 јуни 2022
Тековна цена: 102.00

AMAZON

Неделниот

Правец на трендот

РАСТ

Отпор 3

188.55

Отпор 2

155.00

Отпор 1

125.00

Поддршка 1

80.00

Поддршка 2

70.00

Поддршка 3

60.00

Пример на пресметката врз основа на неделниот правец на трендот за 1.00 Lot1

AMAZON

ПИВОТ ТОЧКИ

Отпор 3

Отпор 2

Отпор 1

Поддршка 1

Поддршка 2

Поддршка 3

Профит или загуба во $

8,655.00

5,300.00

2,300.00

-2,200.00

-3,200.00

-4,200.00

Профит или загуба во €2

8,230.79

5,040.23

2,187.27

-2,092.17

-3,043.16

-3,994.14

Профит или загуба во £2

7,060.58

4,323.64

1,876.30

-1,794.72

-2,610.50

-3,426.28

Профит или загуба во C$2

11,248.04

6,887.88

2,989.08

-2,859.12

-4,158.72

-5,458.32

1. 1.00 lot е еквивалент со 100 единици
2. Датум и време девизниот курс употребени за калкулациите се 14:00 GMT+1 и 20.6.2022.

Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате вашата поддршка.

  • Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако е профитот понизок од предложениот.

  • Trailing stop техника може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.

Споделете преку вашата мрежа
AMAZON.COM, Inc. Графикон
Време за ажурурање: -
Највисоко
Најниско
1M 5M H D W
Цените се изготвуваат..
Подготвени за тргување?Започнете сега