ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Што е Тргување Со XAU/USD (+ 5 Увиди Како Да Тргувате Со Овој Пар)

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 28, март, 2023.

Person holding a phone with the XAUUSD rates displayed on the screen

На девизните пазари, златото има преземено форма на валута, што значи дека инвеститорите можат да тргуваат со благородни метали со други, парични валути. Најчесто тргуваниот пар на овој вид тргување е XAU/USD, односно, злато/долари.

Бидејќи многу инвеститори гледаат на парот XAU/USD како сигурен облог, тој е суштински дел од диверзификацијата на вашето портфолио за тргување со девизен курс. За време на периоди на нестабилност на пазарот, создадени од геополитички тензии и економска и политичка несигурност, овој пар може да ви ја овозможи потребната стабилност.

Што е XAU/USD?

Парот XAU/USD ги информира трговците колку Американски долари се потребни за да се стекне една унца злато. Со други зборови, тргувањето со XAU/USD функционира како и секое тргување со било која друга валута: купувате злато во XAU и го продавате во USD.

Бидејќи златото е глобално средство, инвеститорите можат да го тргуваат со кои било други валути, во различни парови, како XAU/CAD, XAU/EUR, итн. Меѓутоа, имајте предвид дека XAU/USD е второто најликвидно средство на меѓународниот девизен пазар денес.

Бидејќи тргувањето со девизен курс знае да биде доста нестабилно, трговците најчесто вклучуваат XAU/USD во нивните портфолија за да ги надоместат сите значителни загуби.

» Имате нејаснотии околу тргување со злато? Прочитајте го нашиот преглед на тргувањето со злато CFD во 2023 година.

5 Увиди за тргување XAU/USD

1. Обрнете внимание на светските настани

Геополитичките настани можат да играат клучна улога во состојбите на златото, валутите како и останатите аспекти на меѓународните финансиски пазари. Затоа, кога тргувате со XAU/USD парот, од клучно значење е да ги пратите сите светски ситуации кои можат да резултираат со огромни загуби (или добивки), како што се војната во Источна Европа, заклучувањето на политиката Нулта-COVID во Кина или финансиските кризи во Европска унија.

2. Разгледајте ги реалните каматни стапки

Федералните резерви, Европската централна банка (ЕЦБ), и останатите централни банки кои ги зголемуваат каматните стапки се честа тема на разговор помеѓу инвеститорите. Но, она што често знае да се испушти во ваквите разговори се реалните каматни стапки, кои се приспособени за инфлацијата што може точно да ги одрази реалните трошоци за задолжување и заеми.

Како што можевме да видиме минатата година, каматните стапки играат огромна улога во цената на златото и другите хартии од вредност. Зголемените стапки резултираат со две клучни работи - ги зголемуваат опортунитетните трошоци за чување на non-yielding bullion, и ги зголемуваат вредностите на greenback.

А како резултат на ова, стоките деноминирани во долари стануваат поскапи за странските инвеститори кои сакаат да ги купат.

» Имате потешкотии со основите на forex? Погледнете ја нашата листа на основните термини за девизен курс што треба да ги знаете.

3. Анализирајте ги врвовите и падовите

Откако ќе поминете некое време тргувајќи, било да е тоа XAU/USD или акции, ќе почнете да забележувате одредени патерни, особено ако нешто е прекупено или препродадено. Истото важи и за средства како злато.

Поради овие патерни или трендови, од витално значење е да ги процените минатите пикови и падови, што е една од основните стратегии позната под името техничка анализа.

Исто така, можете да прочешлате низ други форми на анализа, како што се следење на коефициентите (злато кон сребро или злато со сурова нафта), фундаментална анализа (проучување на економските и финансиските фактори) и гледање технички показатели (индекс на релативна сила, подвижни просеци и конвергенција на подвижниот просек /дивергенција).

4. Проверете што прават популарните индекси (ETF)

Фондовите што се тргуваат со берза (ETF) експлодираа во популарност во последните неколку години, надминувајќи ја онаа на заедничките фондови. Експертите на пазарот сега мислат дека учењето за приливите и одливите на ETF може да помогне да се одреди најдобриот курс на дејствување, главно затоа што тие можат да бидат огромни.

Најдобар начин да ги следите ETF-овите е да ги изберете инструментите со најголем обем и средства и да ги додадете во вашата листа за следење за да дознаете какви трендови се движат.

Моментално, најпопуларни фондови за тргување со злато се:

  • SPDR Gold Shares (GLD).
  • iShares Gold Trust (IAU).
  • VanEck Vectors Gold Miners ETF (GDX).
  • SPDR Gold MiniShares Trust (GLDM).
  • Physical Gold Shares ETF (PHYS).

5. Изберете го правиот брокер за вас

За крај, не можеме да нагласиме доволно само колку е неопходно да се избере вистинскиот брокер за вашите потреби за тргување. Додека списокот на онлајн брокерски фирми значително се зголеми во последниве години, вие, треба да направите длабинска анализа за да обезбедите успешно тргување.

Исто така, потребно е да изберете платформа која може да ги поддржува трговците од сите групи на вештини - од почетници до ветерани - во сите различни категории, од forex до CFD, а притоа да ви понуди широк спектар на алатки и функции.

» Сакате да отворите account? Дознајте повеќе за отворање account со Fortrade.

Завршни зборови

XAU/USD е еден од најшироко тргуваните парови во девизниот курс на денешницата. Златото долго време функционира како безбедно средство за заштита на инвеститорите од нестабилноста на пазарот, инфлацијата, геополитичкиот хаос, економската несигурност и еден куп други случувања кои можат да го унаказат вашето портфолио.