ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 77% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Aftermarket Report / Извештај после затворање на тргувањето

Aftermarket Report / Извештај после затворање на тргувањето

Што претставува Aftermarket report?

Извештајот после затворање на тргувањето е извештај кој компанијата го објавува откако ќе отпочне секундарното тргување со нејзините акции на берзата. Пред започнувањето на секундарното тргување на финансискиот пазар, финансиските институции ја анализираат вредноста на компанијата. Откако ќе се изврши примарната емисија на акции, започнува тргувањето на пазарот на акции што во финансискиот речник се нарекува секундарно тргување. При иницијалната јавна понуда (IPO), компанијата пакетот на акции го продава на институционалните инвеститори (Примарна емисија) а институционалните инвеститори потоа тие акции ги нудат на пазарот на капитал (секундарно тргување). Секундарното тргување се одвива на меѓународните берзи, како што се Њујоркшката берза или NASDAQ.
Откако акциите на одредени компании ќе станат предмет на секундарно тргување, компанијата објавува извештај после затворањето на тргувањето, кој меѓу другото содржи: име на компанијата која ги емитирала акциите, тикер, датум на понудата, цена на отворање и цена на затворање. Извештајот после затворањето на тргувањето може да содржи дополнитлени информации како што се опис на самата компанија и финансиски податоци.

Како се употребува Извештајот после затворање на тргувањето ?

Извештај после затворање на тргувањето е корисно орудије за учесниците на пазарот за да го проценат интересот за акциите на новата компанија. Затоа што не постои гаранција во поглед на движењето на цената во иднина, извештајот после затворањето на тргувањето пружа основни информации и индикации за учесниците на пазарит да знаат дали да инвестираат во одредена акција или не. Учесниците на пазарот кои се интересираат за договори во разликата помеѓу цените го користат извештајот после затворањето на тргувањето за да добијат впечаток дали цената ќе расте или паѓа.

Содржина на fortrade.com во врска со извештајот после затворање на тргувањето:
• NASDAQ
• NYSE

- A -
Бесплатно пријавете се сега
Креирајте демо сметка, вежбајте без ризик со виртуелни пари.