Што е P/L и Како Се Рачуна Во Тргувањето со Девизи

Како да определите дали сте профитабилни кога тргувате на forex пазарот? Научете да го рачунате PL (profit/loss) односот.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 14, јули, 2023

Иако тргувањето со девизи на forex пазарот може да биде доста профитабилен зафат кога знаете што правите, движењето на девизниот курс исто така може да биде и ризично. Поради ова, доста важно е да се разбере што е P/L (profit / loss) и како се пресметува во тргувањето на пазарот со девизни курсови.

Во практично значење, P/L (profit / loss) значи добивка и загуба, а односот P/L функционира како моментален репер за трговци на нивните позиции. Исто така, мора да се земат предвид и остварените добивки или загуби во вашите затворени позиции, како и нереализираните P/L добивки или загуба во веќе отворените позиции.

На пример, ако треба да ги затворите вашите позиции во USD/CAD, EUR/CHF и GBP/JPY и сте уживале профитабилен просек од 75 долари по позиција, со просечна загуба од 25 долари, вашиот сооднос на P/L ќе биде 3: 1.

» Подобрете ги вашите вештини за тргување: проверете ги нашите напредни курсеви за тргување.

Како да се пресмета P/L во Forex

За да го одредите вашиот сооднос P/L, мора да ја пресметате просечната добивка на вашите профитабилни позиции и да ја поделите со просечната загуба на вашите позиции кои ви изгубиле капитал во:

Имено, соодносот може да се дефинира овака:

  • P/L = Профитабилни тргувања во (X) период / Загубени тргувања во (X) период

Користете ја оваа конкретна P/L формула за да ги пресметате вашите позиции за купување и продавање:

  • Формула за куповни позиции = (Тековен курс - отворен курс) x Единици x курс во долари
  • Формула за продажни позции = (Отворен курс - Тековен курс) x Единици x курс во долари

Можете исто така да го пресметате вашиот P/L за позициите со комбинација од вие формули.

Исто така, вреди да се спомене дека P/L не мора да се пресметува рачно, бидејќи денес има многу автоматизирани решенија. Сепак, останува важно да се разбере како функционира точно односот и кои фактори влијаат на тоа, бидејќи треба да се осигурате дека не инвестирате во губитнички позиции.

» Започнете да вежбате денес: дознајте повеќе за демо сметките на Fortrade.