Одговори на Fortrade
Без разлика дали сте почетни или веќе тргувате со години, онлајн тргувањето може да ви претставува предизвик бидејќи пазарот често се менува. Нашиот тим од експерти ќе ги одговори вашите најчести прашања и грижи за да ви го поедностави онлајн тргувањето.
Неодамнешни прашања
5 Начини Да Избегнете Слипиџ Кога Тргувате
Во тргувањето со девизен курс, слипиџот (slippage - или лизгање) се однесува на разликата помеѓу цената на извршување на позицијата и очекуваната цена на трговецот. Како феномен, слипиџот се случува во сите класи на средства и пазарни услови, но тој е особено чест на пазарите со зголемена нестабилност. Причини за слипиџ Обично, постојат три главни причини за слипиџ: Висока нестабилност: Во моменти кога пазарот се движи пребрзо, слипиџот може да биде доста голем. Со други зборови, ако има многу нарачки на пазарот, цената може да се движи прилично нагло за кратко време, предизвикувајќи голем слипиџ. Ниска ликвидност: Кога средството е неликвидно, трговците може да имаат потешкотии да отворат и затворат позиција. Поради ова, цената на средството може да биде многу повисока или пониска кога ќе се извршат позициите. Технички прашања и недоследности: Откако ќе одлучите да отворите позиција, барањето се испраќа до серверот на брокерот и се обработува. Сепак, овие позиции не се извршуваат истовремено, бидејќи често има доцнење од 50-100 ms, познато како латентност. Како да се избегне слипиџ Постојат неколку начини да избегнете слипиџ - или барем да ги намалите шансите тоа да се случува премногу често. За почеток, еве пет работи што можете да ги испробате: 1. Избегнувајте нестабилни периоди Со избегнување на периоди на висока нестабилност, ќе можете да го намалите количеството на слипиџ на кое наидувате. Ова е особено точно за "трговци скалпери", кои екстремно брзо ги отвораат и затвораат позициите. 2. Изберете пазари со мала нестабилност и висока ликвидност Ако сакате да избегнете слипиџ, се препорачува да тргувате на пазари со мала нестабилност и висока ликвидност. Ова може да ви помогне брзо да влезете и да излезете од позиции со минимално влијание врз вашиот потенцијален профит. 3. Користете ограничени позиции (boundary orders) Ограничените позиции можат да ви овозможат да поставите конкретна количина на пипови над и под моменталната цена - односно да добиете точно таква позиција како што сте посакале. Ако цената на пазарот ја премине оваа граница, позицијата автоматски ќе се изврши. Ова ви овозможува да се занимавате со тргување без да се грижите премногу за слипиџ. 4. Корстете Guaranteed Stops и Limit Orders за вашите позиции Повеќето брокери ви нудат опција да поставите лимит и автоматски да "стопирате" позиција кога ќе се исполни некој критериум. Ова ви помага да избегнете слипиџ со тоа што ќе се осигурате дека вашите позиции се отвораат и затвораат само по точната цена што ќе ја наведете. 5. Откријте како вашиот брокер се справува со слипиџот Важно е да знаете како вашиот брокер го третира слипиџот. Повеќето брокери ги прилагодуваат цените за отворање и затворање на трговијата за да се осигураат дека нема трговците да трпат премногу слипиџ. Сепак, не заборавајте да ги проверите овие информации за вашиот брокер пред да започнете со тргување. Можете ли да избегнете слипиџ? Колку и да се трудиме, треба да разбереме дека слипиџот е неизбежен дел од тргувањето, но ризикот може да се минимизира со следење на советите наведени во оваа објава. Со избегнување на нестабилни пазари, тргување со висока ликвидност и користење на лимит-нарачки, можете значително да го намалите слипиџот што го доживувате при тргувањето. » Ви треба повеќе помош? Погледнете ги нашите е-книги за тргување и видео упатства
Прашање поставено пред 2 дена
Кога Доаѓа До Short Squeeze и Што е Тоа?
Кога цената на некое средство постојано се зголемува, а тоа трае некој подолг временски период, во еден момент може да дојде до short squeeze. Во таква ситуација, трговците кои имаат отворено кратки позиции, се доведени до тоа да ги затворат своите позиции - или доброволно или присилно. Пример, акциите на TSLA (Tesla) растат во просек 10% неделно, а ако трговците ги немаат веќе затворено кратките позиции по своја волја за да престанат да губат пари, може да бидат присилно "ликвидирани" од нивните брокери преку повик за маржа (или margin call). Како што веројатно можете да си замислите, ваквото отстранувањето на надолниот притисок создаден од кратките позиции прави да цената на акцијата драстично да се зголеми, или “squeeze“, при што оние трговци кои отвориле долги позиции заработуваат неверојатни профити. Имено, short squeeze феномените обично се случуваат кога некоја акција има значително голем број кратки позиции отворени кон неа - односно, процентот на позиции кои предвидуваат дека цената на акцијата ќе паѓа. Бидејќи никоја акција не може да паѓа засекогаш, во одреден момент кога кратките позиции ке бидат затворени, нејзината цена ќе почне одеднаш да расте. Понекогаш, short squeezes се случуваат и поради конкретен настан. Ако, на пример, некоја компанија објави извештаи за одлична заработка во последниот циклус, таа автоматски ќе го зголеми интересот на инвеститорите, што потенцијално би предизвикало голем short squeeze. » Прочитајте за главните разлики помеѓу CFD и опциите Завршни зборови Short squeezes им нудат неверојатни потенцијални можности за заработка за трговците, но се многу тешки да се предвидат, препознаат, и фатат на време. Значи, секој трговец кој планира да заработи од short squeeze мора редовно да ги следи трендовите на пазарот и да биде во тек со најновите настани. Внимавањето на техничките детали како интересот за кратки позиции и нивниот обем исто така може многу да помогне околу насетувањето на ваквата можност. » Дознајте повеќе за тргување со CFD акции со Fortrade
Прашање поставено пред 4 дена
Како Да Ги Користите SQQQ ETF Во Тргувањето
Голем број на инвеститори изгубија одреден дел од нивниот профит поради опаѓачкиот (мечкин) пазар од 2022 година, но пред се и поради надолното пазарно расположение, како и макроекономската клима. Но што ако постои начин надолните трендови на пазарот да се искористат за профитирање без да отворање на кратки позиции? Тоа е возможно со помош на SQQQ ETF-инверзните индекси кои го репродуцираат спротивниот ефект на реалните ETF. Ајде да дознаеме повеќе за нив. » Прочитајте за 6 главни разлики помеѓу CFD и опциите. Што се SQQQ ETF? Како што претходно веќе споменавме, SQQQ ETF се инверзни индекси кои го реплицираат токму спротивното движење на реалниот индекс. Со други зборови, тие се движат обратно на движењето на цената на основните средства. На пример, ако S&P 500 падне за 4%, тогаш еквивалентот на SQQQ би добил 4%. Кога станува збор за структурата на SQQQ ETF, тие се слични на традиционалните ETF, само што ја следат сосема спротивната стратегија. Исто така, вреди да се спомене дека овие ETF обично се користат со левериџ (потпора) која се движи некаде од 2x до 5x. Тоа значи дека ако NASDAQ падне за 3%, SQQQ ETF може да ви донесе потенцијален профит од 15% ако користите финасиска потпора од 5х. Меѓутоа, поради тоа што се склони кон потпора, SQQQ ETF се многу поризични од традиционалните ETF, па затоа треба да се практикува исклучителна внимателност кога се тргува со нив. » Сакате да дознаете повеќе за forex? Прочитајте за 9 forex термини што секој трговец треба да ги знае. Како да тргувате со SQQQ ETF Сега кога веќе сме запознаени со основите на SQQQ ETF, ајде да преминеме на вистинскиот трговски дел. За среќа, тргувањето со SQQQ ETF е прилично едноставно, без разлика дали сте почетник или искусен трговец. Процесот е горе-долу ист како и кај кој било ETF - отворате account кај некој брокер, правите депозит и отворате позиција. Она што е малку потешко е да го погодите моментот кога, но и како да влегувате и излегувате од trade-ови. Бидејќи пазарот традиционално се зголемува на долг рок, SQQQ ETF не се остварлива долгорочна стратегија. Напротив тие треба да се користат за привремена добивка, како што беше случајот со опаѓачкиот пазар во 2022 година. Еве неколку совети што треба да ги имате на ум пред да тргувате со SQQQ ETF: Не држете ги вашите позиции премногу долго: бидејќи овие инструменти обично се користат со финансиска потпора, прашање на време е кога ќе ја потрошите целата ваша сметка. Затоа, потрутедете се да ги користите само како краткорочна стратегија. Секогаш бидете во тек со влијателните настани: Макроекономските настани може да имаат позитивно влијание на целиот пазар, што е одлично за типичниот ETF инвеститор, но ужасно за инвеститорот SQQQ. Запомнете, порастот на цената на NASDAQ од 3% може брзо да се претвори во загуба од 10-15% за трговецот со SQQQ. Внимавајте на трендот на пазарот: Ова е особено точно за ETF-и со потпора, бидејќи трговците често пати знаат претерано да реагираат на вестите и расположението на пазарот. Затоа, обрнете внимание на вестите и обидете се да останете пред сите останати. Треба ли да користите SQQQ ETF? SQQQ ETF може да бидат одличен начин да заработите пари за време на падови, но тие се исто така ризични и бараат многу знаење и искуство. Истражете и проучете ги детално пред да ги користите, но и останете информирани за развојот на пазарот. Најважно од сѐ, бидете исклучително внимателни кога користите финансиска потпора. Следејќи ги овие совети, плус вашата трговска експериза може да ви дозволат да развиете потенцијално успешна стратегија за тргување SQQQ. » Спремни сте да започнете? Научете повеќе за тргување CFD на Fortrade.
Прашање поставено пред 5 дена
Како Да Израчунате Пип Во Тргување со Forex
Пред да започнете со тргување со девизен курс, неопходно е да се научи суштинската терминологија и главните концепти. Ако некогаш сте тргувале во минатото или ако сте почнале да учите за тргување, веројатно сте го слушнале терминот пип како се споменува на пазарот на девизен курс. Тогаш, што се пип во тргување со девизен курс? Ајде да дознаеме. Што е Пип? Познато е дека пип, што значи Процент во точка (Percent in Point), е најмалата нумеричка единица на цената на девизниот пазар. Пип обично е последното децимално место на цената, која најчесто припаѓа на соодносот 1:100 - т.е. 1 процент. Додека пиповите се користат за деноминација на најмалата подвижна единица на парот forex, вистината е дека големината на оваа единица може да варира. На пример, еден пип вреди 0,0001 долари кога се тргува EUR/USD, додека еден пип е еднаков на 0,01 долари на парот USD/JPY. » Ви треба повеќе помош? Погледнете ги нашите е-книги за тргување како и нашите видео упатства. Како Да Се Пресмета Вредноста на Еден Пип За да ја пресметате вредноста на пип на девизниот пазар, мора да го земете предвид валутен пар со кој тргувате и девизниот курс. На пример, ако тргувате EUR/USD со девизен курс од 1,2500, секој пип би вредел 0,0001 x 1,2500 = 0,00125 долари по пип. Исто така, важно е да се земе предвид големината на вашата позиција при пресметување на вредноста на пип, бидејќи тоа може да има значително влијание врз вредноста. Ако тргувате со големи лотови, тогаш секој пип може да вреди повеќе отколку кога тргувате со помали лотови. На пример, ако тргувате со 10 лотови на парот XAU/USD (1 лот е еднаков на 100.000 единици од основната валута), тогаш секој пип вреди 10 долари. Сепак, рачното пресметување на пип може да биде доста тешко, особено како почетник. Затоа, препорачуваме да користите практични алатки, како што е калкулатор на вредноста на пип, за да го знаете точниот износ на единици што ги тргувате на вашата позиција. Заклучок Сега кога знаете како да ја пресметате вредноста на пип, можете да започнете со тргување и да дознаете повеќе за светот на девизниот курс. Не заборавајте секогаш да ја земате предвид големината на вашата позиција при пресметување на вредноста на пип, бидејќи тоа може да ви помогне да донесувате подобри одлуки за тргување. Сè додека правите детално истражување и внимавате на движењата на пазарот, тргувањето на пазарот на девизен курс ќе ви стане многу полесно со текот на времето. » Прочитајте повеќе за тргување со валути со Fortrade.
Прашање поставено пред 10 дена
Што Значи Outperforming Во Тргувањето Со Акции?
Outperforming (или надминување на резултати) во тргувањето со акции генерално се однесува на движења што се покажале подобри од просечните пазарни приноси. Ова може да се мери со споредување на перформансите на поединечни средства со индекс како репер, како што се S&P 500 или Dow Jones Industrial Average, кои често се користат како споредбени точки. Ако позицијата има подобри перформанси од репер индексот во одреден временски период, се вели дека го "надминала" пазарот. Се разбира, outperfoming може да се однесува и на акции што имаат подобри перформанси од слични средства во истиот сектор или индустрија. Ова може да се мери со споредување на перформансите на поединечно средство со други хартии од вредност во нивната група, како што се акциите во истата индустрија или некој индекс. Во овој случај, се вели дека акциите го "надминале" секторот или индустријата. Ако на пример, US Tech 100 донесе вкупно 10% профит во текот на минатата година, но Microsoft (MSFT) врати 22%, тогаш MSFT го "надминал" просекот во индексот за 12%. Заклучок Накратко, надминувањето (outperforming) во тргувањето со акции генерално се однесува на акција која имала подобри резултати од вкупните пазарни приноси или во однос на другите акции во истиот сектор или индустрија. Акциите со подобри перформанси имаат тенденција да бидат тргувани од инвеститорите кои бараат натпросечни приноси, а тие често можат да послужат како показатели за идните перформанси. Затоа, важно е да се знае кои акции се подобри од пазарот и да се обрне големо внимание на нивните перформанси со текот на времето. » Подготвени сте да започнете со тргување со CFD на акции? Дознајте повеќе за тргување со CFD на акции со Fortrade.
Прашање поставено пред 10 дена