ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Како Да Ги Користите SQQQ ETF Во Тргувањето

SQQQ ETF можат да бидат доста профитабилни - но само ако ги разбирате. Прочитајте ја оваа статија за да дознаете повеќе за нив.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 28, март, 2023.

Голем број на инвеститори изгубија одреден дел од нивниот профит поради опаѓачкиот (мечкин) пазар од 2022 година, но пред се и поради надолното пазарно расположение, како и макроекономската клима. Но што ако постои начин надолните трендови на пазарот да се искористат за профитирање без да отворање на кратки позиции?

Тоа е возможно со помош на SQQQ ETF-инверзните индекси кои го репродуцираат спротивниот ефект на реалните ETF. Ајде да дознаеме повеќе за нив.

» Прочитајте за 6 главни разлики помеѓу CFD и опциите.

Што се SQQQ ETF?

Како што претходно веќе споменавме, SQQQ ETF се инверзни индекси кои го реплицираат токму спротивното движење на реалниот индекс. Со други зборови, тие се движат обратно на движењето на цената на основните средства. На пример, ако S&P 500 падне за 4%, тогаш еквивалентот на SQQQ би добил 4%.

Кога станува збор за структурата на SQQQ ETF, тие се слични на традиционалните ETF, само што ја следат сосема спротивната стратегија. Исто така, вреди да се спомене дека овие ETF обично се користат со левериџ (потпора) која се движи некаде од 2x до 5x.

Тоа значи дека ако NASDAQ падне за 3%, SQQQ ETF може да ви донесе потенцијален профит од 15% ако користите финасиска потпора од 5х.

Меѓутоа, поради тоа што се склони кон потпора, SQQQ ETF се многу поризични од традиционалните ETF, па затоа треба да се практикува исклучителна внимателност кога се тргува со нив.

» Сакате да дознаете повеќе за forex? Прочитајте за 9 forex термини што секој трговец треба да ги знае.

Како да тргувате со SQQQ ETF

Сега кога веќе сме запознаени со основите на SQQQ ETF, ајде да преминеме на вистинскиот трговски дел. За среќа, тргувањето со SQQQ ETF е прилично едноставно, без разлика дали сте почетник или искусен трговец.

Процесот е горе-долу ист како и кај кој било ETF - отворате account кај некој брокер, правите депозит и отворате позиција. Она што е малку потешко е да го погодите моментот кога, но и како да влегувате и излегувате од trade-ови.

Бидејќи пазарот традиционално се зголемува на долг рок, SQQQ ETF не се остварлива долгорочна стратегија. Напротив тие треба да се користат за привремена добивка, како што беше случајот со опаѓачкиот пазар во 2022 година.

Еве неколку совети што треба да ги имате на ум пред да тргувате со SQQQ ETF:

  • Не држете ги вашите позиции премногу долго: бидејќи овие инструменти обично се користат со финансиска потпора, прашање на време е кога ќе ја потрошите целата ваша сметка. Затоа, потрутедете се да ги користите само како краткорочна стратегија.
  • Секогаш бидете во тек со влијателните настани: Макроекономските настани може да имаат позитивно влијание на целиот пазар, што е одлично за типичниот ETF инвеститор, но ужасно за инвеститорот SQQQ. Запомнете, порастот на цената на NASDAQ од 3% може брзо да се претвори во загуба од 10-15% за трговецот со SQQQ.
  • Внимавајте на трендот на пазарот: Ова е особено точно за ETF-и со потпора, бидејќи трговците често пати знаат претерано да реагираат на вестите и расположението на пазарот. Затоа, обрнете внимание на вестите и обидете се да останете пред сите останати.

Треба ли да користите SQQQ ETF?

SQQQ ETF може да бидат одличен начин да заработите пари за време на падови, но тие се исто така ризични и бараат многу знаење и искуство. Истражете и проучете ги детално пред да ги користите, но и останете информирани за развојот на пазарот. Најважно од сѐ, бидете исклучително внимателни кога користите финансиска потпора.

Следејќи ги овие совети, плус вашата трговска експериза може да ви дозволат да развиете потенцијално успешна стратегија за тргување SQQQ.

» Спремни сте да започнете? Научете повеќе за тргување CFD на Fortrade.