ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 73% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Како Да Тргувате CFD Од Сурова Нафта Во Нестабилен Пазар

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 10, јануари, 2024.

Barrels of oil with an overlay of a heat map over the image.

Како средство, суровата нафта е еден од најважните извори на енергија во светот речиси веќе еден век. Освен за снабдување на возила со енергија, нафтените деривати се користат и за загревање објекти, производство на електрична енергија, па дури и како материјал за создавање на одредени производи.

Поради ова, нафтата постојано одржува релативно солидна цена во последните 50 години. Меѓутоа, бидејќи е многу барана и доста тешка да се најде, нафтата е подложна на флуктуации на цени, особено после големи макроекономски настани.

Тогаш, како би можеле и вие да профитирате од нестабилноста на цената на суровата нафта? Прочитајте за да дознаете.




Што е тргување со CFD со сурова нафта?

За да добиете потенцијален профит од промената на цената на нафтата, ќе треба да ја купите кога ќе достигне ниска цена и да ја продадете подоцна за профит. Но, освен ако имате логистика и простор да се справувате со ова (вклучувајќи складирање и ресурси), купувањето и продавањето физичка нафта е тежок подвиг. Ова е местото каде што доаѓаат CFD за сурова нафта.

Имено, CFD, познат и како договор за разлика (contract for difference), е деривативен финансиски производ кој ви овозможува да профитирате од разликата во цената на средството без да морате физички да го поседувате. CFD-овите ви даваат добра изложеност на пазарот бидејќи може да се користат за тргување со широк спектар на средства, вклучувајќи ја и сурова нафта. Покрај тоа, трговците можат да користат потпора (одноно левериџ, leverage) за да ги зголемат своите профити дури и ако нивното почетно салдо е ниско.

Се разбира, тргувањето со CFD не е без ризик, бидејќи ќе треба да ризикувате барем дел од вашиот капитал за да профитирате од него - а тоа се зголемува во случај на средства со брзо-движечки цени како што е нафтата. Сепак, оние кои знаат како да тргуваат со CFD може да добијат добар профит од овие флуктуации на цените.



» Станете поискусен трговец: Имаме спремни курсеви за тргување за почетници и напредни курсеви за тргување.



Важни Фактори Пред Да почнете со Тргување

Сега кога утврдивме зошто тргувањето на CFD од сурова нафта може да биде профитабилно, важно е да се земат предвид некои аспекти пред да започнете со тргување. Имено, правењето на детално истражување, длабинската анализа и имањето на конкретен план многу помагаат кога се планира тргување со CFD со сурова нафта. Со правилни размислувања, може да добиете добар потенцијален профит и да ја минимизирате изложеноста на вашиот ризик на пазарот.

Избор на Тип на Нафта

Кога станува збор за нафтата како средство, постојат два главни типа: сурова нафта Брент и нафта WTI. Суровата нафта „брент“ се извлекува од Северното Море и се користи како репер за цените на две третини од меѓународната трговија со сурова нафта во светот. Нестабилноста на суровата нафта првенствено се заснова на геополитичките настани што се случуваат во Европа, Азија и Африка - каде што највеќе се користи овој тип нафта. На пример, по почетокот на војната во Украина во февруари, нафтата Брент поскапе за 23%.

Од друга страна, WTI или West Texas Intermediate е вид на сурова нафта што се извлекува од Тексас и се користи како репер за цените во САД. Цената на WTI првенствено се заснова на локалните настани во САД, како што е отворањето на нафтоводот Keystone XL. По војната во Украина, цената на WTI се зголеми за 19%, што покажува дека постои корелација во цената меѓу двете стоки, но и дека тие никогаш не се тргуваат по иста цена. Оваа разлика во цената е позната како “распон Брент/WTI”.

Стратегија за Тргување

Кога планирате да тргувате со CFD со нафта, важно е да имате јасна и конкретна стратегија. Ова вклучува поставување на влезни и излезни точки, како и прецизни налози за стоп-загуба и преземање-профит. Вашата стратегија за тргување треба да ја земе предвид и временската рамка што ја планирате да ја задржите вашата позиција, како и износот на капитал што сте подготвени да ризикувате. Повеќето експерти би препорачале да ги поставите вашите профитни цели пониско ако сте трговец почетник.

Стратегија за Управување со Ризик

Како и со секој тип на тргување, тргувањето со CFD со нафта доаѓа со свои ризици, и со нив треба да знаете да се справувате. Ова го вклучува ризикот од загуби, како и ценовните флуктуации на стоката. За да се ублажат овие ризици, важно е да се има соодветна стратегија за управување со ризикот. Ова вклучува поставување на налози за стоп-загуба на клучни нивоа или евентуално вклучување на стратегија за заштита.

CFD Брокер

За крај, за да тргувате со CFD со нафта, ќе треба да најдете брокер за CFD, а од огромна важност е овој брокер да е реномиран и лиценциран. Имено, брокерот ќе служи како платформа која ќе ви овозможи да тргувате со различни средства без да мора да ги поседувате, вклучително и стоки како сурова нафта. Кога барате брокер, важно е да ги земете предвид надоместоците поврзани со тргувањето, како и различниот избор на алатки што ќе ви се достапни. Ако сте почетник, топло ви препорачуваме да отворите сметка со доверлив брокер и да тргувате со платформа погодна за почетници, како што е Fortrade.

» Се трудите да ги разберете посложените термини за тргување? Погледнете го нашиот речник на термини за почетници.



Како да започнете да тргувате со CFD со сурова нафта

  • Сега, кога ги разгледавме важните фактори што треба да ги земеме предвид пред да тргуваме со CFD со нафта, ајде да ги разгледаме чекорите за тоа како да започнете со тргување.
  • Отворете сметка кај реномиран брокер што има CFD.
  • Преземете и инсталирајте ја платформата за тргување на брокерот.
  • Депонирајте ги средствата што сакате да ги тргувате на вашата сметка.
  • Започнете да отворате и затворате позиции преку платформата.

» Подготвени да започнете? Дознајте повеќе за отворање на профил со Fortrade.



Заклучок

Иако цената на суровата нафта знае да биде понекогаш нестабилна, тргувањето на CFD со неа може да стане доста профитабилен потфат ако ги преземете неопходните мерки на претпазливост. Ова вклучува извршување на детално истражување, диверзификација, најважно - секогаш да се биде во тек со геополитичките настани. Со правилно размислување, можете успешно да тргувате со CFD со сурова нафта и да добиете потенцијален профит дури и во најнестабилните пазарни услови.



Забелешка: Fortrade нуди можност за тргување со промените на цените на инструментите со CFD и НЕ за купување/продавање на сопственоста на самиот инструмент