ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

5 Најпопуларни Големи Forex Парови За 2023

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 9, јануари, 2024.

Trader clicking on holographic image that reads "FOREX" surrounded by various currency symbols

Главните (или големите) валутни парови се оние со кои активно се тргува на глобалниот девизен пазар. Во денешно време, листата на овие валути варира, но може безбедно да се каже дека главните валутни парови во моментов се USD/CAD, EUR/USD, USD/JPY, GBP/USD, AUD/USD, NZD/USD и USD/CHF. Инвеститорите обично тргуваат со овие парови бидејќи се сметаат за високо ликвидни и стабилни.




1. EUR/USD

Валутниот пар EUR/USD е можеби еден од најинтересните парови за тргување во 2023 година. Минатата година, еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, и дури достигна паритет со зелената валута (доларот). Речиси сите имаа ниски очекувања од еврото во услови на голема енергетска криза и пад на глобалната економија. Денес, сепак, пазарните аналитичари се свртеа кон валутата поради неколку причини: потопла зима од очекувано, подобри општи економски податоци, како и квантитативното затегнување во пролетта, направена од Европската Централа Банка (ECB), значително стабилизирајќи ја економијата.

» Погрижете се да ги разберете основните термини за forex пред да започнете со тргување

2. GBP/USD

Во изминатата година, инвеститорите се засилија со инвестирање во британската фунта (GBP), првенствено поради тоа што инфлацијата излезе надвор од контрола, Банката на Англија (БОЕ), која е преплашена од пазарот (обврзници, односно bonds) и забавената економија. Овој валутен пар може да тргува во која било насока врз основа на фискалната и монетарната политика, слично на она што се случи минатата есен кога фунтата се намали во вредност, а приносите се зголемија со алармантна големина и темпо. Но, некои набљудувачи од индустријата велат дека инвеститорите не треба да се изненадат ако забележат чуден тренд.

Од техничката страна на нештата, фунтата стерлинг (GBP) е трета најголема валута во светот по волумен на тргување, зад американскиот долар (USD) и еврото (EUR). Сепак, ова е меч со две острици: обемот е голем, но цената може и доста да варира поради нејзиното глобално влијание.



3. USD/CAD

Кога станува збор за валутниот пар USD/CAD, трговците треба повеќе да следат што се случува на јужната страна на границата меѓу САД и Канада отколку што може да се случува на север. И покрај тоа што енергетските стоки значително се зголемија во 2022 година, и Канада одржуваше дефицит на тековната сметка, лани не успеа да просперира значително. Во изминатиот период, вредноста на овој валутен пар значително се намали, примарно поради очекувањата дека Федералните резерви ќе почнат да го забавуваат темпото и големината на зголемувањата на каматните стапки, но американскиот долар (USD) би можел да го оживее скромниот раст на одбивноста кон ризик во услови на нестабилност на финансиските пазари, и секоја повторна забрзување на инфлацијата.

Во моментов, распонот е релативно голем, бидејќи парот се тргува над 1,30.

» Тргувајте со користење на најновите платформи. Отворете сметка со Fortrade

4. USD/CHF

Со години, швајцарскиот франк се сметаше за најсигурна влата на глобалниот пазар, без разлика дали има колапс на глобалниот пазар или рецесија. Иако сè уште се рачуна за високо ликвиден пар, неговата иднина би можела доста да варира врз основа на плановите на Швајцарската национална банка (SNB) за претстојната година. Запомнете, пред големата инфлациска криза во последните период, франкот се обиде да ја ограничи својата апрецијација. Креаторите на монетарната политика ги променија своите планови за време на минатогодишниот мечкин пазар (bear market). Нејасно е какви ќе бидат намерите на институцијата во претстојната година, но пошироките трендови на пазарот ќе бидат клучниот двигател.

Генерално, USD/CHF е многу ликвиден пар, така што можеби нема да има ненадејни скокови и падови како што ќе најдете, на пример, со USD/TRY.

» Збунети сте во врска со валутни парови? Научете ги основите на вкрстените валутни парови во тргувањето со девизен курс

5. USD/JPY

Банката на Јапонија (BoJ) има доста уникатни интерни политики. Ако тргувате со девизен курс или учествувате на пошироките финансиски пазари, треба да бидете доста претпазливи, бидејќи можеме да очекуваме значителни промени во парот USD/JPY. Имено, централната банка употреби низа мерки во последно време за да ја поддржи економијата, што може дополнително да го пригушат јенот. Ова потенцијално значи да ги задржи ултра ниските каматни стапки непроменети, да продолжи со механизмот за контрола на принос, и да купи повеќе обврзници (bonds) откако побарувачката ќе пресуши. Можеби не станува збор за економски податоци кои ќе го поттикнат јенот во првата половина на 2023 година, политиката што ќе се воведе од страна на гувернерот Харухико Курода и неговиот наследник.

Од техничка страна, парот USD/JPY е исто така одличен девизен пар, бидејќи одржува огромен обем на тргување и ликвидност.




Кои Се Најдобрите Големи Парови На Forex Пазарот?

Ако штотуку почнувате со тргување на девизен курс (forex), секогаш е најдобро да тргувате само со еден главен валутен пар. Ова ви овозможува да се чувствувате удобно и комфорно на пазарот, да ги забележите трендовите, и да одредите дали вашата стратегија функционира. Тогаш, кој би бил парот на којшто би требало да обратите најмногу внимание? EUR/USD е можеби најинтересниот, главно поради подемот на еврото. Од ING до Morgan Stanley, плејада пазарни аналитичари ја напуштија својата претходна надолна позиција и иницираа „фабричко ресетирање“. Консензусот меѓу стратезите е дека валутниот пар ќе ја заврши 2023 година на околу 1,15, што би било пресврт од амбициозните перформанси во 2022 година.

Се разбира, има и други големи валутни парови што треба да се земат предвид, како што се USD/CAD за стабилност, а и AUD/USD за потенцијално шпекулации.

Сепак, без разлика со кој главен валутен пар тргувате во девизен курс, не заборавајте да го направите вашето истражување, да се осигурате дека вашата сметка е ликвидна, и да тргувате со она што можете да си дозволите да го изгубите.

» Заинтересирани сте да дознаете повеќе? Откријте ја разликата помеѓу големите и помалите парови во Forex