ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 73% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Основи на Тргување со Акции CFD (Со Примери)

Од Fortrade

Ажурирано 9, јануари, 2024.

Three square wooden blocks featuring the letters 'CFD' placed next to stacks of coins.

CFDs, познати и како договори за разлика (contract for difference), се еден вид финансиски дериват кој ви овозможува да шпекулирате на движењето на цените на одредени средства на пазарот без всушност да ги поседувате. Имено, овие договори се меѓу две страни (купувачот и продавачот), кои бараат од купувачот да му ја плати разликата во цената на продавачот.

Бидејќи не мора да ги поседувате акциите на хартија за да ги тргувате, често може да добиете помали трошоци со CFD тргување, што ќе ви овозможи директно да профитирате од движењето на цената. Исто така, нема да мора да поднесувате документи кај брокер за да купите акции, бидејќи секогаш ќе бидете на еден клик од отворањето на позиција.Бидејќи ги разјаснивме основите на CFD, сега ќе навлеземе подлабоко во нив.




Клучни карактеристики на CFD за тргување акции

Иако CFD тргување може да звучи едноставно, суштински е значајно да се разберат сите нивни карактеристики пред да се почне да се тргува со нив.

Долги и кратки позиции (short and long)

Кога тргувате со CFD со акции, можете да заземете или долга (long) или кратка (short) позиција. Долга позиција значи дека очекувате цената да се зголеми за да можете да купувате ниско и да продавате високо. Од друга страна, кратка позиција е кога верувате дека цената ќе падне, што ќе ви овозможи да продавате високо, а да купувате ниско.

Без CFD, отворањето кратки позиции е прилично тешко. Сепак, со CFD-ови, можете да тргувате кратко без никакви трошоци за позајмување бидејќи само шпекулирате на движењето на цената во одреден правец.

Левериџ

Во суштина, потпора или левериџ е алатка која ви овозможува да тргувате со повеќе пари отколку што имате на вашата сметка. На пример, ако брокер нуди 1:10 левериџ за тргување со акции на Apple (AAPL), тоа значи дека за секој 1 долар што го имате на вашата сметка, можете да тргувате со акции AAPL во вредност од 10 долари.Имено, левериџот може да биде неверојатно корисен бидејќи ви овозможува да остварите поголем профит. Сепак, важно е да се знае дека левериџот доаѓа и со поголеми ризици, бидејќи вашите загуби може да се зголемат. На пример, ако цената се движи против вас за 1%, ќе изгубите 10% од вашата инвестиција со левериџ 1:10.

Маржа

Секогаш кога тргувате со левериџ, мора да одржувате одредена сума пари на вашата сметка, што е познато како маржа (margin). Маржата е процентот на големината на позицијата што треба да ја имате на вашата сметка за да ја отворите трговијата.

На пример, ако брокер нуди маржа од 40% за тргување со акции на AAPL и сакате да контролирате акции во вредност од 100 долари, ќе треба да го имате салдото на вашата сметка повисоко од 40 долари.

Хеџинг

Хеџингот е техника која ви овозможува да ги надоместите вашите ризици со заземање спротивна позиција на пазарот. На пример, да речеме дека сте отвориле долга позиција со акции на AAPL, но се плашите од потенцијален пад на цената. Во овој случај, можете да отворите кратка позиција на AAPL CFD за да ги намалите вашите ризици.

Запомнете, сепак, дека хеџирањето исто така ќе го намали и вашиот потенцијален профит. Тоа значи дека, треба да ги заштитите вашите позиции со хеџинг само кога сте сигурно дека пазарот ќе се движи против вашата позиција.



» Дали има термини за тргување што не ги разбирате? Проверете го нашиот корисен речник за брзо да сфатите.

Како функционира тргувањето со акции CFD?

Пред да станете добар трговец со акции на CFD, важно е да ги разберете четирите главни области на тргувањето со CFD.

Spread и провизија

Распонот (или spread) е разликата во цената на акцијата кога првично ја купувате и износот за кој можете веднањ да ја продадете. На пример, ако сте купиле GOOGL за 100 долари, а моменталната продажна цена е 101 долари, распонот би бил 1%.

Имено, големината на распонот варира во зависност од брокерот што го користите и акциите со кои тргувате. Различни брокери имаат различни распони за CFD-ови на акции, па затоа е важно да имате брокер со минимални трошоци.

Големина на CFD договор

Големината на договорот е односот помеѓу CFD договорот и акциите со кои ќе тргувате. Најчесто, големината на договорот е во сооднос 1:1, што значи дека за секоја CFD акција што ја отворате, тргувате со една акција на компанијата.

Значи, кога купувате акции во вредност од 500 долари за тргување со 100 долари, ќе поседувате пет договори (од тип CFD), а секој од нив ќе претставува една акција од компанијата со која ќе тргувате.

Времетраење

Кога тргуваат со CFD, трговците можат да ја задржат позицијата на неограничено време, што не е случај со други деривативни средства како фјучерси.

Времетраењето на позицијата може да биде краткорочно или долгорочно. Краткорочните договори се оние кои траат не повеќе од неколку дена, додека долгорочните се оние кои можат да траат со недели или дури месеци.

Сепак, важно е да се забележи дека CFD-овите обично имаат провизија за ноќевање - што е фиксна сума на пари која ќе се одзема од вашата сметка секој ден кога ќе ја задржите позицијата отворена.

Пресметување добивка и загуба

Последното нешто што треба да го знаете за тргувањето со акции на CFD е како да ги пресметате вашите потенцијални профити и загуби. За да го направите тоа, ќе треба да ја користите следнава формула:

Добивка (или загуба) = (продажна цена - куповна цена) x големина на договор x број на договори

На пример, да речеме дека сте купиле 5 GOOGL CFD по 100 долари, а моменталната продажна цена е 101 долари. Вашиот профит тогаш би бил:

(101 $ - 100 $) x 5 x 1 = 5 $

Како и што можете да видите, потенцијалниот профит од оваа позиција е доста низок. Меѓутоа, ако тргувате со левериџ од 1:10, вашиот профит би бил 10 пати поголем.

» Ви требаат повеќе информации? Погледнете ја оваа бесплатна е-книга за CFD и акции.



Започнете денес

Тргувањето со CFD е еден од начините да се оствари добар потенцијален профит без да мора да се помине низ документацијата за поседување на акциите. И, со вистинскиот брокер, ќе уживате во дополнителни бенефиции како што се широк спектар на средства, без ограничувања за отворање кратки позиции и левериџ.

» Подготвени да започнете? Дознајте повеќе за отворање на профил со Fortrade.

Сепак, погрижете се целосно да разберете како функционира CFD тргувањето пред да започнете со отварање на позиции. На овој начин, ќе ги минимизирате вашите ризици и ќе ја оптимизирате вашата стратегија за успеџ.



Забелешка: Fortrade нуди можност за тргување со промените на цените на инструментите со CFD и НЕ за купување/продавање на сопственоста на самиот инструмент