ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Алгоритамско Тргување Со Вештачка Интелигенција: Откривање На Скриени Шеми Во Податоците

Алгоритамското тргување со вештачка интелигенција неодамна стана актуелно. Од ветувања за брзо и лесно богатство до шпекулирани измами, трговците слушнаа се. Во овој блог објективно ја разгледуваме темата.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Проверено од Marko Zelic

Објавено 28, декември, 2023.

a hand touching a button with the letter s on it

Во последниве години, вештачката интелигенција (AI - artificial intelligence) ја смени играта на финансиските пазари. Поточно, вештачката интелигенција почна примарно да се користи во алгоритамското тргување, каде што трговците користат интелигентни алгоритми за да анализираат огромни количини на податоци за да откријат обрасци, да добијат увид и да извршат профитабилни позиции.

Се разбира, вештачката интелигенција сепак не е кристална топка што ќе ви загарантира успех на пазарот. Иако обезбедува вредни сознанија и потенцијално профитабилни стратегии, таа има предизвици и ризици.




Тргување со вештачка интелигенција

Во алгоритамското тргување, вештачката интелигенција може да им помогне на трговците да вршат трансакции веднаш, отстранувајќи ги потенцијалните доцнења предизвикани од човечкото одлучување. Спојувајќи го ова со моќта на алгоритмот да анализира масовни податоци, алгоритамското тргување со вештачка интелигенција им го овозможува на трговците следното:

» Ви треба помош? Погледнете ги нашите видео упатства и курсеви за тргување за почетници



Типови на алгоритамско тргување со вештачка интелигенција

Алгоритамско тргување со арбитража

Алгоритамското тргување со арбитража е стратегија каде што интелигентните алгоритми ги идентификуваат разликите во цените на различни пазари и берзи. Со овој пристап, трговецот се потпира на напредни алгоритми и автоматизација за брзо да ги анализира податоците на пазарот и да ги идентификува потенцијалните можности за арбитража. Ова им овозможува на трговците потенцијално да ги искористат привремените неефикасности на пазарот.

Позитивни страни


  • Можете да профитирате од неефикасностите на пазарот

Негативни страни


  • Намалување на потенцијалната профитабилност со текот на времето
  • Пазарите имаат тенденција да се подобруваат

» Останете понапред од пазарот и вклучете ја стратегијата за цик-цак индикатор во вашето тргување со девизен курс



Алгоритми за следење на тренд

Следењето тренд е еден вид алгоритамска стратегија за вештачка интелигенција која има за цел да ги идентификува и да ги искористи трендовите на пазарот. Овие алгоритми ги анализираат цените на историските податоци и се обидуваат да идентификуваат обрасци или трендови кои укажуваат на насоката на идните движења на цените. Овој пристап првенствено се заснова на пазарното верување дека трендовите опстојуваат со текот на времето, дозволувајќи му на трговецот да го искористи моментумот и да генерира потенцијален профит.

Позитивни страни


  • Се обидува да ги идентификува моделите и трендовите за идното движење на цените
  • Корисен пристап за нестабилни пазари (лесна навигација на флуктуации на цените)

Негативни страни


  • Ненадејните промени и пазарните консолидации може да резултираат со потенцијални загуби

» Откријте дали се применуваат правилата на Pattern Day Trader (PTD) и во Forex





Опсег на тргување (просечни реверзии)

Опсегот на тргување, исто така познат како средна реверзија (mean reversion), е алгоритамска стратегија за тргување со вештачка интелигенција дизајнирана да ги искористи движењата на цените во добро поставен опсег. Овој пристап се заснова на принципот дека, со текот на времето, цените имаат тенденција да се вратат на нивните средни нивоа (mean levels). Стратегиите за враќање на средната вредност се особено ефективни на пазарите со зголемена нестабилност, каде што цените осцилираат во релативно предвидливи граници.

Позитивни страни


  • Може да биде доста ефективно во нестабилни пазари

Негативни страни


  • Пазарните услови секогаш може да се сменат

» Проверете го нашиот водич за тргување со акции за почетници



Временска пондерирана просечна цена (TWAP алгоритам)

Алгоритмот TWAP ја дели големината на нарачката (позицијата) на помали инкеременти и ги извршува во редовни интервали, овозможувајќи да отворањето на позициите се распространи со текот на времето. Ова, пак, би можело да го минимизира целокупното влијание на пазарот и би можело да се постигне цена која е блиска до просечната пазарна цена во целиот период.

Позитивни страни


  • Извршува тргување рамномерно во одреден период
  • Обезбедува дека трговската активност се распостранува еднакво со текот на времето
  • Може да постигне просечна цена - корисна за големи нарачки

Негативни страни


  • Не може да се користи во сите случаи

» Да се биде успешен во тргувањето значи зајакнување на фокусот и дисциплината во вашето инвестирање



Процент на волумен (POV)

POV, или процент на волумен (Percentage of Volume), е тип на алгоритамско тргување кое има за цел да изврши позиции врз основа на однапред определен процент од обемот на тргување на дадена хартија од вредност или финансиски пазар. Овој пристап му овозможува на трговецот да одржува конзистентна стапка на учество на пазарот додека го минимизира влијанието од пазарот на неговите позиции. Со алгоритмот POV, позициите на трговците автоматски се прилагодуваат пропорционално на пазарната активност, со цел да се балансираат ликвидноста и пазарната активност.

Позитивни страни


  • Одржува конзистентна стапка на учество на пазарот
  • Го намалува влијанието на пазарот
  • Ја балансира ликвидноста и пазарната активност

Негативни страни


  • Не е ефикасен на високо нестабилните пазари
  • Потребно е правилно управување со ризикот и редовни модификации

» Научете ги основите на тргувањето со акции CFD



Дали вештачката интелигенција го трансформира светот на алгоритамското тргување?

Интегрирањето на вештачката интелигенција и алгоритамското тргување на финансиските пазари несомнено влијаеше на финансиската индустрија во целот.

Сепак, вештачката интелигенција и алгоритмите не се имуни на ограничувања и ризиците на пазарот. Вистината е дека вештачката интелигенција сè уште е во раните фази на развој, барајќи понатамошно истражување, тестирање и регулаторни рамки за нејзиниот потенцијал целосно да се реализира. Како и со сите стратегии за тргување, тргувањето со алгоритми на вештачка интелигенција бара внимателен и избалансиран пристап за да се обезбедат ефективни резултати.



Забелешка: Fortrade нуди можност за тргување со промените на цените на инструментите со CFD и НЕ за купување/продавање на сопственоста на самиот инструмент