ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Што е Цик-Цак Индикаторот и Како Да Го Искористите Максимално Во Тргувањето Со Девизи

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 7, јуни, 2023.

Man on a laptop with a candle graph, looking at his mobile phone displaying a sell and buy button

Како можете да знаете дали нагорниот или надолниот тренд на средството коешто го тргувате се менува? Цик-цак индикаторот може да биде корисна алатка за одговор на ова прашање. Искусните трговци знаат да го користат овој филтер за да го елиминираат непотребниот "шум" од графиконите на цените, и да ги прикажат клучните трендови наместо препродадените или прекупените флуктуации.

Но, што воопшто прави цик-цак индикаторот? Продолжете да читате за да дознаете.

Што е цик-цак индикатор

Цик-цак индикаторот често се опишува како индикатор за филтрирање. Целта на овој уникатно именуван метод е да се избегнат незначителни ценовни флуктуации во инвестициите, со што на трговецот му се овозможува да се фокусира на основниот тренд.

Но покрај тоа, бидејќи помага да се забележат нивоата на цените на поддршката и отпорот на пазарот, цик-цак индикаторот може да помогне да се одреди почетокот и крајот на некој циклус.

Значи, генерално, цик-цак линиите ќе се појават на графиконот само кога движењето на цената ќе добие значителен замав нагоре или нагоре (обично околу 5%). Поради ова, трговците можат да ги игнорираат малите флуктуации на цените, од само неколку процентни поени, што го олеснува забележувањето на трендовите што се одвиваат во текот на сесијата.

» Имате потешкотии со основите на forex? Научете за елементарните концепти за forex што треба еден почетник да ги знае

Тргување на девизен курс користејќи цик-цак индикатор

Почетните чекори се навистина едноставни:

  1. Изберете висок swing (врвот на цената на средството) или низок swing (ниското ниво на средството е пониско од претходните)
  2. Дознајте го процентот на движења на цените
  3. Лоцирајте ги новите издигнувања и падови
  4. Создадете линија на тренд (линија над издигнувања или падови за да ја нагласите насоката на цената)

Запомнете, повеќето платформи за онлајн тргување веќе ги содржат опциите за внесување, така што трговците можат да вметнат сопствени параметри и да носат сопстевени цик-цак одлуки.

Во меѓувреме, важно е да се забележи дека цик-цакот е индикатор кој касни, па затоа не може самостојно да функционира како алатка за предвидување. Со други зборови, треба да го комплементирате вашиот цик-цак индикатор со други индикатори за да го одредите најдобриот тек на дејствување, како што се индикаторите за релативна јачина (RSIs), индикаторите за импулс за купување и продавање и индикаторите за волумен.

» Ви треба повеќе помош со forex trading? Погледнете ги нашите курсеви за тргување за почетници и напредни трговци

Заклучок

Навистина, пазарот на девизен курс може да има премногу "бучава" за некои трговци. Препознавањето што навистина се случува во forex кога има толку голема концентрација на ситници, може да стане многу тешко, при што сите почнуваат да забораваат на многу поголемата слика.

За среќа, цик-цак индикаторот може да помогне да се осигурате дека вашата стратегија за тргување со девизен курс нема да стане жртва на овие непрестајни звуци и да доведе до откажување од вашата поголема слика поради нешто што ќе згасне речиси веднаш.

» Подготвени сте да започнете со тргување? Дознајте повеќе за отворање account со Fortrade