ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Затворање На Позиции Во Тргувањето: Сè Што Треба Да Знаете

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 8, август, 2023.

A light grey colored graph on a blue background showing stocks rising and falling, with a silhouette of two men on a mountain, one pulling up the other

Како почетник во тргувањето, потребно е да ги научите основите, а нема подобра почетничка лекција од тоа кога и како да отворате и затворате позиции. Имено, сите средства на пазарот се движат по одредена цена, а таа цена е претставена на графикон. Кога цената на некое средство расте или опаѓа тоа е сликовито прикажано на графиконот.

Се разбира, трговците можат да профитираат на пазарот без оглед на насоката на графиконот. Имено, трговецот може да отвори долга позиција, во која ќе купува ниски и продава високо, или кратка позиција, каде што го менувате налогот - и продавате акции за да добиете профит од падот на цената.

Меѓутоа, за да профитирате во тргувањето, мора да разберете како правилно да затворате позициии. Ајде, да видиме подетално што значи затворање на позиција.

Што е затворање на позиција во тргувањето?

Едноставно кажано, затворањето на позиција во тргувањето значи излегување од некој отворен trade и соодветно преземање на добивки или загуби. Ова може да се направи рачно, ако трговецот внимателно ги следи своите trade-ови, или автоматски со помош на налози за прекин на загуба кои гарантираат дека трговецот не презема премногу ризик.

Вреди да се спомене дека постојат повеќе причини зошто трговецот би затворил позиција. Тие вклучуваат:

  • Подигање на профит од веќе отворена долга или кратка позиција.
  • Ублажување на потенцијалната загуба кога трговецот ќе предвиди дека пазарот се движи во спротивна насока.
  • Спречување на присилна ликвидација од страна на пазарот или вашиот брокер.
  • Додавање ликвидност на вашата сметка за поголема позиција.

Кратка позиција (short position)

Кратката продажба е отворање на позиција во средство чија цена очекувате да паѓа и затворање за да се подигне потенцијален профит. За кратка продажба, прво вештачки „позајмувате“ акции од вашиот брокер за да ја отворите позицијата. Кога ќе дојде време за затворање на оваа позиција, вие ги „враќате“ овие позајмени акции назад на брокерот, а секоја добивка или загуба се пресметува соодветно.

Излегување од долга позиција

Најчестиот тип на позиција е долга позиција, во која трговецот купува средство по пониска цена, а потоа го продава повисоко за да заработи потенцијален профит во разликата во цената. За да се затвори таквата позиција, трговецот „излегува“ од пазарот со менување на својот trade, и ефективно го продава средството назад на брокерот по тековната пазарна цена при што заработува профит.

Исклучоци

Во некои случаи, трговците нема потреба да ја затворат својата позиција. Ова може да се случи ако инструментот што го користеле е пред истек, како со деривати како што се фјучерси или договори за опции. Во ваков случак, позицијата автоматски се затвора кога ќе го достигне својот предодреден датум на истекување, без разлика дали трговецот би сакал да ја затвори, или не.

Исто така, вреди да се спомене дека, во некои случаи, позициите не се затвораат доброволно, туку насилно од брокерот или пазарот. Ова може да се случи поради неправилно управување со ризик или екстремно нестабилни пазарни услови.

Најчестиот тип на принудно затворање позиција е со повик за маржа (margin call), при кое брокерот бара од трговецот да инвестира повеќе готовина или да ја затвори својата позицијата. Ако трговецот не е во состојба да депонира повеќе готовина на нивната сметка при margin call, брокерот може да предизвика присилна ликвидација на нивната сметка, при што сите нивни позиции ќе бидат затворени со загуба.

» Прочитајте повеќе за разликите помеѓу CFD и тргувањето со фјучерси

Пример за затворање на позиција

Да речеме дека трговецот отворил долга позиција на акциите на Мајкрософт (MSFT), кои моментално се тргуваат со 250 долари по акција. По два дена цената на акцијата се искачува на 255 долари, а трговецот одлучува дека е време да земе потенцијална добивка, па ја затвора својата позиција. Ова затворање на позиција ќе резултира со тоа што трговецот ќе оствари профит од 5 долари по секој акција во која инвестирал.

Ајде да го објасниме овој пример чекор-по-чекор:

  • Трговецот гледа можност да профитира од акциите на MSFT, предвидувајќи дека цената на акцијата ќе се зголеми поради некој значаен настан (на пример Мајкрософт објавува нов производ).
  • Потоа, трговецот отвора долга позиција кај нивниот брокер (купува ниско и се надева да продава високо) и чека зголемување на цената.
  • Штом цената на акцијата ќе ги достигне очекувањата на трговецот (на пример, 255 долари), трговецот ја затвора позицијата и ја зема добивката.

» Заинтересирани за тргување? Еве како да отворите бесплатна сметка на Fortrade

Завршни зборови

Да резимираме, затворачките позиции се однесуваат на излегување од отворени trades и преземање на соодветните профити или загуби. Како што можете да видите, позициите може да се затворат или доброволно или насилно од брокерот/пазарот. Одлуката за затворање на позиција се заснова на повеќе фактори, како што се толеранцијата на ризик на трговецот, тековните пазарни услови, како и потенцијалните можности за заработка.

Без разлика дали сте во долга или кратка позиција, неопходно е да научите како правилно да ги затворате позициите.

» Сакате да научите повеќе? Проверете ги нашите бесплатни курсеви за тргување за почетници.