Кога Доаѓа До Short Squeeze и Што е Тоа?
Short squeeze феноменот може да биде извонредна прилика за заработување. Прочитајте да дознаете што тоа е, зошто се случува, и како да профитирате.
Ажурирано 28, март, 2023
Кога цената на некое средство постојано се зголемува, а тоа трае некој подолг временски период, во еден момент може да дојде до short squeeze. Во таква ситуација, трговците кои имаат отворено кратки позиции, се доведени до тоа да ги затворат своите позиции - или доброволно или присилно.
Пример, акциите на TSLA (Tesla) растат во просек 10% неделно, а ако трговците ги немаат веќе затворено кратките позиции по своја волја за да престанат да губат пари, може да бидат присилно "ликвидирани" од нивните брокери преку повик за маржа (или margin call).
Како што веројатно можете да си замислите, ваквото отстранувањето на надолниот притисок создаден од кратките позиции прави да цената на акцијата драстично да се зголеми, или “squeeze“, при што оние трговци кои отвориле долги позиции заработуваат неверојатни профити.
Имено, short squeeze феномените обично се случуваат кога некоја акција има значително голем број кратки позиции отворени кон неа - односно, процентот на позиции кои предвидуваат дека цената на акцијата ќе паѓа. Бидејќи никоја акција не може да паѓа засекогаш, во одреден момент кога кратките позиции ке бидат затворени, нејзината цена ќе почне одеднаш да расте.
Понекогаш, short squeezes се случуваат и поради конкретен настан. Ако, на пример, некоја компанија објави извештаи за одлична заработка во последниот циклус, таа автоматски ќе го зголеми интересот на инвеститорите, што потенцијално би предизвикало голем short squeeze.
» Прочитајте за главните разлики помеѓу CFD и опциите
Завршни зборови
Short squeezes им нудат неверојатни потенцијални можности за заработка за трговците, но се многу тешки да се предвидат, препознаат, и фатат на време. Значи, секој трговец кој планира да заработи од short squeeze мора редовно да ги следи трендовите на пазарот и да биде во тек со најновите настани.
Внимавањето на техничките детали како интересот за кратки позиции и нивниот обем исто така може многу да помогне околу насетувањето на ваквата можност.
» Дознајте повеќе за тргување со CFD акции со Fortrade
Слични објави

CFD vs. Опции: 6 Големи Разлики
Filip Dimkovski
28, март, 2023

Тргување со CFD на Сребро: 7 Предности и Слабости
Filip Dimkovski
10, мај, 2024

Најдобрите 5 Егзотични Парови За Forex Тргување Во 2023 Година
Filip Dimkovski
9, јануари, 2024

Како Да Користите Економски Календар За Да Го Подобрите Вашето Тргување
Andrew Moran
11, јануари, 2024

Механиката На Капиталните CFD: Како Тие Функционираат
Filip Dimkovski
17, јануари, 2024
