December 8, 2020
Сренорочен тренд: Раст
Суровата нафта остана над нивото 40,0, поддржана од ноедамнешните вести за вакцина против Covid-19, и покрај растот на бројот на инфекции со корона вирус. Сурова нафта успеа на 4 декември да тестира највисоки нивоа од почетокот на март 2020, (43,75).
Фајзер и Модерна објавија податоци коишто покажаа голема ефикасност на нивните вакцини против Covid-19 (95% и 94,1%). На пазарите им се допадна ова и тие очекуваат до 2021 да биде достапна вакцината за масовна вакцинација, што би требало да и стави крај на пандемијата. Фајзер побара во петокот (20 ноември) авторизација за користење, а резултатите ќе бидат објавени по 10 декември. Први испораки на вакцината на Фајзер ќе бидат на 15 декември. Покрај тоа, Велика Британија ја одобри вакцината на Фајзер на 2 декември. Од друга страна, Модерна побара авторизација од ФДА во понеделникот (30 ноември). Компанијата рече дека прво вакцинување ќе биде на 21 декември. Освен тоа, студијата покажа дека вакцината има потенцијал за траен имунитет, бидејќи испитаници од прва фаза покажаа високо ниво на антитела по 119 дена.
САД: Побарувачката за нафта во САД продолжи да заздравува, што покажува и падот на резерви на нафта во САД. Според најновите извештаи од американската Агенција за енергетски информации, американските резерви со исклучок на стратешките нафтени резерви паднаа на најниското ниво од март, на 488 милиони барели. Тоа е падот од 525,969 милиони барели достигнати во јуни 2020 поради мерки за спречување на ширење на корона вирус во САД.
АЗИЈА: Побарувачката за нафта исто така порасна во Азија, главно во Кина, Индија и Јужна Кореја. Според Блумберг, кинеското заздравување од пандемијата на Covid-19 обезбедува добредојдено олеснување на најпогодениот сегмент од нафтениот пазар, бидејќи домашниот авионски сообраќај се врати на нивоа, на кои беше пред појава на вирусот. Растот на летови и помага на заздравување, бидејќи авионското гориво се прави од сурова нафта.
ОПЕК+ на 3 декември најде компромис. Тие ќе почнат постепено да го зголемуваат производството (сега е нивото 7,7 милиони барели дневно). Групата ќе почне да додава 500,000 барели дневно на сурова нафта во јануари, додека министрите ќе оддржуваат месечни состаноци за да се одлучат за следните чекори. Со овој договор ОПЕК+ успеа да избегне распад, бидејќи се појавија тензии меѓу Саудсика Арабија и Обединените Арапски Емирати. ОПЕК+ ќе има состанок на 4 јануари 2021.
Голдман Сакс уште еднаш ги потврди својите очекувања, бидејќи предвидува цената на Брент нафта да биде 65 долари на 12-месечно ниво. Врз основа на тековната разлика меѓу ВТИ и Брент сурова нафта (3 долари), би можеле да речеме дека цената на ВТИ нафта ќе биде 62 долари на барел. Ситигруп очекува цената да оди кон 48 долари до крајот на првото тримесечје 2021 и 50 долари до крајот на второто.

График: (Сурова нафта, дневниот)
Сегашна цена: 45.40
|
СУРОВА НАФТА |
Среднорочен |
|
Правец на трендот |
РАСТ |
|
Отпор 3 |
50.00 |
|
Отпор 2 |
49.00 |
|
Отпор 1 |
48.00 |
|
Поддршка 1 |
43.00 |
|
Поддршка 2 |
42.00 |
|
Поддршка 3 |
41.00 |
Пример на пресметката врз основа на правец на трендот за 1.00 Lot*
|
СУРОВА НАФТА |
||||||
|
ПИВОТ ТОЧКИ |
Отпор 3 |
Отпор 2 |
Отпор 1 |
Поддршка 1 |
Поддршка 2 |
Поддршка 3 |
|
Профит или загуба во $ |
4,600.00 |
3,600.00 |
2,600.00 |
-2,400.00 |
-3,400.00 |
-4,400.00 |
|
Профит или загуба во €** |
3,797.45 |
2,971.92 |
2,146.38 |
-1,981.28 |
-2,806.81 |
-3,632.34 |
|
Профит или загуба во £** |
2,847.24 |
2,699.20 |
1,949.42 |
-1,799.46 |
-2,549.24 |
-3,299.02 |
|
Профит или загуба во C$** |
5,884.69 |
4,605.41 |
3,326.13 |
-3,070.27 |
-4,349.55 |
-5,628.83 |
* 1.00 lot е еквивалент со 1000 единици
** Датум и време на девизниот курс употребени за калкулациите се 9:50 GMT 08 12 2020
Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате вашата поддршка.
*** Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако е профитот понизок од предложениот.
**** Trailing stop техника може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.