December 2, 2020
Сренорочен тренд: Раст
КОМПАНИЈА: Модерна е биотехничка компанија којашто се занимава со клинички испитувања. Компанијата е фокусирана на откривањето и развојот на РНК терапии и вакцини. Модерна развива мРНК лекови за инфекции, имуно-онкологија и кардиоваскуларни болести. Модерна е на пат да биде меѓу првите компании коишто ќе му обезбедат на светот вакцина против Covid-19.
МОДЕРНА ОБЈАВИ ДЕКА ЕФИКАСНОСТА НА НЕЈЗИНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ Covid-19 Е 94,1% (30 ноември): Според Ројтерс, експерименталната вакцина на Модерна е 94,1% ефективна во српечување на Covid-19. Развивање на вакцината со новата технологија мРНК, која што го претвара човечкото тело во фабрика на вакцина. За разлика од вакцината на Фајзер, таа на Модерна може да се чува на нормална температура во фрижидери, поради што дистрибуцијата би требало да биде полесна - тоа е критичен фактор бидејќи бројот на инфекции со Covid-19 се зголемува. Втора доза на вакцина треба да се добие 28 дена по првата.
МОДЕРНА ПОБАРА ИТНА АВТОРИЗАЦИЈА ВО САД (30 ноември): Модерна имаше доволно безбедносни податоци потребни за авторизација во САД. Модерна исто така побара и дозвола од ЕУ.
УПРАВА ЗА ХРАНА И ЛЕКОВИ НА САД ВЕРОЈАТНО ЌЕ ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА МОДЕРНА НА 17 ДЕКЕМВРИ 2020: ФДА/ЕУА дозвола на вакцина на Модерна се очекува во втора половина на декември (веројатно на 17 декември). ФДА треба да прегледа и податоци од фаза на испитувања и фаза на производство. Модерна рече дека прво вакцинирање ќе биде на 21 декември.
МОДЕРНА ВЕЌЕ ИМА ДОГОВОРИ ЗА ИСПОРАКА НА ВАКЦИНА ПРОТИВ Covid-19: Модерна, дел од програмата на американската влада, ќе произведе околу 20 милиони дози за САД годинава, а неколку милиони компанијата веќе произведе и е подготвена да ги испорача ако ФДА ја одобри вакцината. Модерна доби речиси 1 милијарда долари за истражувања и развој од американската влада и има договор во вредност 1,5 милијарди долари за произведување 100 милиони дози. Владата има можност за уште 400 милиони дози. Компанијата се надева дека ќе прозиведе помеѓу 500 милиони и 1 милијарда дози во 2021 во зависност од побарувачката. Во меѓувреме, Обединетото Кралство објави иницијален договор со Модерна за пет милиони дози. Соопштението дојде неколку месеци откако Европската комисија заврши разговори за купување 80 милиони дози на вакцината на Модерна, со можност да купи уште 80 милиони.
ОЧЕКУВАЊА НА АНАЛИТИЧАРИТЕ: Биотехничката фирма Модерна, којашто немаше приходи од продажба на производи ќе забележи приходи од 13 милијарди следната година. Користејќи ги конзервативните претпоставки за единица на продажба и цена, Голдман Сакс проценува дека Модерна ќе произведе 20 милиони дози на вакцина во декември, што е околу четвртина приходи, во вредност 300 милиони долари, и пота уште 750 милиони дози, што ќе и донесе на компанијата 13,3 милијарди долари профит во 2021 година.
Дневна волатилност на цена на акција на Moderna Inc.



ИЗВОР: Bloomberg
Сегашна цена: 140
|
Moderna Inc. |
Среднорочен |
|
Правец на трендот |
РАСТ |
|
Отпор 3 |
250 |
|
Отпор 2 |
230 |
|
Отпор 1 |
180 |
|
Поддршка 1 |
100 |
|
Поддршка 2 |
80 |
|
Поддршка 3 |
60 |
Пример на пресметката врз основа на правец на трендот за 1.00 Lot*
|
Moderna Inc. |
||||||
|
ПИВОТ ТОЧКИ |
Отпор 3 |
Отпор 2 |
Отпор 1 |
Поддршка 1 |
Поддршка 2 |
Поддршка 3 |
|
Профит или загуба во $ |
110,000.00 |
90,000.00 |
40,000.00 |
-40,000.00 |
-60,000.00 |
-80,000.00 |
|
Профит или загуба во €** |
91,135.05 |
74,565.04 |
33,140.02 |
-33,140.02 |
-49,710.02 |
-66,280.03 |
|
Профит или загуба во £** |
68,176.07 |
67,326.97 |
29,923.10 |
-29,923.10 |
-44,884.65 |
-59,846.20 |
|
Профит или загуба во C$** |
142,278.40 |
116,409.60 |
51,737.60 |
-51,737.60 |
-77,606.40 |
-103,475.20 |
* 1.00 lot е еквивалент со 1000 единици
** Датум и време на девизниот курс употребени за калкулациите се 08:00 GMT+1 02 12 2020
Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате вашата поддршка.
*** Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако е профитот понизок од предложениот.
**** Trailing stop техника може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.