CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 81% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
Пребарувај

Паладиум - 12/03/2020

Микро анализи

12 March, 2020

Содржи само општи информации. Не е наменет за давање на совети за тргување или инвестирање. Вашиот капитал е под ризик.

ТРЕНД: ПАД

Фундаментален преглед:

Цената на паладиумот е во паѓачкиот тренд за третата пследователна недела откако го допре рекордното високо ниво 2780 долари. Очекувањата за индустриската побарувачка за метали повторно ќе се оцени поради влијанието на корона вирусот врз економијата. Citigroup Inc. предвидува дека појава на корона вирусот ќе ја намали кинеската потрошувачка на металов годинава, а тоа ќе влијае врз паладиумот, зашто Кина е најголем потрошувач.

Главниот фактор на побарувачка за паладиумот е неговата употреба во катализатори, дизајнирани за да се намали штетната емисија на мотори коишто се уште користат нафта. Платина за долго време беше највреден метал кој се користи во катализаторите. Сепак, паладиумот ја презеде оваа позиција годинава, и неговата вредност ја надмина онаа на платина. Сепак, оваа недела BASF SE објави дека разви нова технологија за автомобили што користат нафта, која што заменува некои метали со поевтина платина. Компанијава очекува технологијата да биде имплементирана во модели на 2023 година, додека една година порано би можела да се имплементира во некои случаи, ако произведувачи по тестови ќе потврдат дека се исполнети прописи на владата за секое возило. Платината се зголеми 3,2% пред да изгуби некои добивки зашто објавата означи еден од првите знаци дека произведувачите би можеле да ги надминат техничките бариери во користење на метали и да го заменат паладиумот. Паладиумот падна 13.8% оваа недела.

Технички преглед

Цената на паладиумот падна денеска под МА(100) и сега е под сите три движечки просеци (МА(20), МА(50) и МА(100)), што поддржува сила на тековниот паѓачки тренд. И RSI и Stoch јасно укажуваат на паѓачкиот тренд додека MACD излегува од зона на прекумерно купување. Ниту еден од техничките индикатори не сигнализира пресврт во краток рок. Ако цената продолжи да паѓа и падне под пивот линија (2121.25), таа би можела да продолжи кон Ѕ1 (2005,04). Во спротивно сценарио, ако цената отскокне од пивот линија, таа би можела да оди кон Отпор 1 (2228.26).


График: (Паладиум, дневниот)

Пивот линија:

2,121.25

Отпор 3:

2,516.73

Отпор 2:

2,382.79

Отпор 1:

2,228.26

Поддршка 1:

2,005.04

Поддршка 2:

1,847.07

Поддршка 3:

1,702.84

Пример на пресметката врз основа на дневниот правец на трендот за 1.00 Lot*

ПАЛАДИУМ

ПИВОТ ТОЧКИ

Отпор 3

Отпор 2

Отпор 1

Поддршка 1

Поддршка 2

Поддршка 3

Профит или загуба во $

-39,196.0

-25,921.2

-11,731.3

11,517.6

27,174.0

41,468.6

Профит или загуба во €**

-35,753.7

-23,644.7

-10,701.0

10,506.1

24,787.4

37,826.7

Профит или загуба во £**

-30,397.9

-20,102.9

-9,098.0

8,932.3

21,074.4

32,160.4

* 1.00 lot е еквивалент со 100 единици
** Датум и време на девизниот курс употребени за калкулациите се 11:40 GMT 12 3 2020
Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате вашата поддршка.
*** Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако е профитот понизок од предложениот.
**** Trailing stop техника може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега