CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 08/08/2022 - 12/08/2022

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 10/08/2022

10 август, 2022
Неделни анализи 10/08/2022 Економски календар

Еврото кон крајот на минатата недела падна во однос на доларот, откако податоците за работните места во САД, кои беа повисоки од очекуваните, ја зголемија веројатноста за зголемување на основната каматна стапка за 75 поени од страна ФЕД следниот месец.

Британската фунта падна, по одлуката на Банката на Англија да ги зголеми каматите стапки за очекуваните 0,5%. Фунтата се намали откако претседавачот Бејли предупреди дека инфлацијата ќе надмине 13%. Аналитичарите сметаат дека е веројатен периодот на негативен раст, повисока невработеност и висока инфлација - познат како стагфлација.

Парот УСД/ЈПУ се зголеми додека се чинеше дека јапонската централна банка ќе ја потврди својата актуелна политика на напроменетите каматни стапки, а податоците за вработеноста во САД го зголемија доларот во петокот.

Цената на златото продолжи да се зголемува минатата недела, достигнувајќи ново рекордно месечно ниво поради геополитичките тензии меѓу САД и Кина во врска со Тајван и војната во Украина, искористувајќи ја слабоста на доларот. Податоците за работните места во САД во петокот го предизвикаа падот на златото, но тоа го продолжи својот раст оваа недела.

Американските берзански индекси се зголемија изедначувајќи ги во петокот своите добивки остварени во претходната недела. Сезоната на објавување на заработките завршува, бидејќи повеќето компании ги објавија своите финансиски извештаи, а компаниите како што се Модерна и Алибаба објавија подобри од очекуваните резултати, додека Вирџин разочара откако објави дека нивните летови ќе мора да бидат одложени за следната година. Повеќе од 78% од компаниите кои до денес ги имаат објавено своите финансиски извештаи ги надминаа очекувањата.

ОПЕК минатата недела донесе одлука за нов договор за додавање на 100.000 барели месечно. Но, цената на нафтата падна поради стравувањата дека побарувачката на нафта ќе се намали поради рецесијата во САД и поради неодамнешните ограничувања во Кина.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега