CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 71% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 70.41% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 12/09/2022 - 16/09/2022

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 14/09/2022

14 септември, 2022
Неделни анализи 14/09/2022 Економски календар

Еврото се зголеми во однос на доларот, оддалечувајќи се од најниски нивоа во 20 години, бидејќи ЕЦБ ги зголеми своите каматни стапки за 75 базични поени. По одлуката за каматните стапки во четвртокот, пазарите сега предвидуваат поагресивен став за политиката на каматните стапки, особено откако Лагард потврди дека ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки.

Британската фунта ја заврши неделата посилна во однос на американскиот долар, бидејќи американскиот долар го продолжи повлекувањето минатата недела поради падот на приносите од американските државни обврзници и подобрениот сентимент за ризик кон фунтата.

УСД/ЈПУ се движеше на пониски нивоа во текот на изминатата недела, бидејќи јенот исто така доби одредена поддршка од сигурно засолниште поради загриженоста на инвеститорите. Парот се повлече откако му се доближи на највисокото ниво во 20 години претходната недела.

Цената на златото благо се зголеми минатата недела, бидејќи приносите на американските државни обврзници паднаа, намалувајќи го негативниот притисок од претходната недела. Инвеститорите се свртеа кон златото, предизвикувајќи го растот на цената пред објавување американскиот CPI, кое што е предвидено за 13-ти септември.

Американските акции продолжија да се зголемуваат во текот на поголемиот дел од неделата, завршувајќи на повисоки нивоа во петокот и покрај строгиот говор на претседавачот Пауел во четвртокот. Сентиментот за ризик се подобри, бидејќи некои аналитичари сугерираа дека следниот извештај за инфлацијата може да укаже дека инфлацијата достигнала врв, што би можело да ги притисне Федералните резерви да го завршат својот цилкус на зголемување на каматните стапки порано.

Цената на нафтата продолжи да се зголемува и покрај извештајот на EIA во кој беше објавено зголемување на резервите на нафтата од 8,44 милиони барели. JP Morgan посочи дека OPEC можеби ќе треба да го намали производството за 1 милион барели дневно за да го стабилизира пазарот по претходните падови. Оваа објава ја поддржи нафтата и таа на крајот на минатата недела се искачи на повисоки нивоа.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега