
Еврото минатата година падна на најниско нови во дваесет години во однос на доларот, откако FED донесе одлука за зголемување на каматите стапки за 75 базични поени. FED, исто така, ги ревидираше своите предвидувања за економскиот раст оваа година и наведе дека каматните стапки ќе продолжат да растат и оваа и следната година.
Британската фунта падна на рекордно ниско ниво во петокот, откако британската влада најави намалување на даноците за луѓето со високи примања, дури и ако земјата се бори против високата инфлација. Трговците се внимателни оваа недела бидејќи Банката на Англија може да свика итен состанок или за да најави ново зголемување на каматните стапки, или за да интервенира на девизниот пазар за да ја поддржи фунтата.
USD/JPY се искачи во текот на минатата недела, но парот забележа вонредна нестабилност во четвртокот кога јапонската централна банка одлучи да ги остави каматните стапки непроменети. Парот достигна највисоко ниво од дваесет и четири години, но банката подоцна објави дека купува јени и продава долари за да ја поддржи својата валута, предизвикувајќи пад на парот.
Цената на златото повторно падна минатата недела, достигнувајќи го најниското ниво од март 2020 година, по разочарувачките вести дека се предвидува намалување на каматните стапки тек во 2024 година.
Американските акции се движија на пониски нивоа, бидејќи трговците се соочија со зголемената веројатност за рецесија во САД. Во четвртокот, Goldman Sachs ја намали својата цел за S&P 500, предвидувајќи дека американските акции би можеле да се спуштат под сегашните нивоа до крајот на годината.
Цената на нафтата се намали минатата недела, бидејќи расположението на пазарот се влоши. Повисокиот долар и стравувањата дека побарувачката на нафта би можела да падне поради влошената економска ситуација, вршат притисок врз нафтата. Сепак, ОПЕК се состанува следната недела и постои можност за намалување на производството во рамки на овој картел. Ураганот во близина на брегот на САД обезбеди одредена поддршка во последните денови.