CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 73% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 18/09/2023 - 22/09/2023

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 27/09/2023

27 септември, 2023
Неделни анализи 27/09/2023 Економски календар

Евродоларот продолжи да паѓа на шестмесечно најниско ниво откако податоците за инфлацијата на ЦПИ во еврозоната беа пониски од очекуваното. Фед ги задржа каматните стапки на 5,5%, а коментарите на претседателот на Фед, Пауел, го зголемија доларот во однос на другите валути.

Валутионт пар на британскиот фунт и американскиот долар продолжија да паѓат откако банката на Англија неочекувано ги замрзна каматните стапки на 5,25%.

Парот USD/JPY повторно се зголеми, бидејќи Банката на Јапонија одлучи да ги замрзне каматните стапки на -0,10%. Банката зборуваше за „екстремно високи неизвесности“ и изјави дека стои на својата сегашна ултра лесна политика.

Цената на златото во голема мера остана непроменета, бидејќи инвеститорите не добија помош од Фед. Трговците се загрижени дека каматните стапки ќе останат повисоки подолго време, а растечкиот долар го прави скапоцениот метал поскап за трговците со девизи.

Американските акции се движеа на пониско ниво, бидејќи негативноста доминираше во тргувањето со акции. Сепак, редови се формираа во повеќе градови низ целиот свет откако iPhone 15 беше пуштен во продажба. Беше бјавено и дека онлајн нарачките се високи, а најновиот телефон на Apple се проценува дека ќе го надмине минатогодишниот iPhone 14 за 10%.

Цената на нафтата скокна на рекордно единаесетмесечно највисоко ниво, но се движеше малку пониско во текот на неделата. Изјавите на Фед предизвикуваа загриженост во врска со побарувачката на нафта во САД. Веста од крајот на минатата недела дека Русија ќе го забрани извозот на бензин и дизел ги поддржа цените.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега