
Евродоларот се движеше на повисоки нивоа во нестабилната недела, која цената забележа десетдневен максимум и рекордно најниско ниво во изминатите две недели. Индикаторот на инфлацијата во еврозоната, CPI, беше понизок од очекуваниот.
Британската фунта се зголеми откако доларот падна во однос на повеќето нејзини ривали. Економските податоци на САД беа пониски минатата недела, разгорувајќи некои надежи дека инфлацијата можеби се намалува.
USD/JPY падна малку, но во петокот Банката на Јапонија потврди дека потрошила 62 милијарди долари на девизните пазари за поддршка на јенот, кој е под притисок.
Цената на златото во петокот падна на најниско ниво во последните три недели. Цената падна откако американскиот претседател Бајден го претстави новиот предлог за прекин на огнот во три фази за да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Цената на берзанските индекси падна, иако загубите беа надоместени во петокот, бидејќи клучниот индикатор за инфлаицјата беше под очекувањата. NVidia достигна уште еден рекорд откако Елон Маск откри дека неговата компанија xAI ќе користи чипови на NVIDIA за напојување на своите производи.
Цената на нафтата се намали до затворањето трговската сесија во поетокот, но достигнаа 4-неделно највисоко ниво во средината на неделата. Цената на нафтата беше поткрепена со извештаите дека ОПЕК ќе се согласи да продолжи со постојните намалувања до крајот на годината. На 2 јуни ОПЕК се состана и одлучи да го продолжи тековното намалување до крајот на третиот квартал.