CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.
Пребарувај

Тесла

Специјални извештаи - 25/08/2022

25 август, 2022

Наведениот пример користи Договори за разлика (CFD). Калкулациите се применуваат само за цените на одредени инструменти за наведениот датум и калкулациите претставуваат можна прилика за добивка или загуба. Нема гаранции за прецизноста и потполноста на овие информации, значи, секое лице кое доносува одлука според тие информации, тоа го прави целосно на сопствен ризик.

Тесла (#TSLA) неделната пазарна прилика кај растечкиот курс валутниот пар, базирана на 1 Lot:

ГЛОБАЛНИТЕ ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА:

  • САМО ОКОЛУ 9,0% ОД ВКУПНАТА ПРОДАЖБА НА АВТОМОБИЛИ СОЧИНУВААТ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА (ЕВ), ВРЕДНИ 66,7 МИЛИОНИ ВОЗИЛА ВО 2021: Вкупниот светски пазар на автомобили се зголеми само 4,5% во 2021, за околу 66,7 милиони автомобили. Во 2020, во светот беше продадено 63,8 милиони автомобили. Се оценува дека 6,5 милиони електрични возила биле продадени во светот во 2021, што е раст од 109% во однос на 2020. Продажбата на ЕВ претставува околу 9% од сите патнички автомобили продадени во 2021. Секторот на ЕВ се го зголеми својот удел на пазарот од 4,11% во 2021 на околу 9,00% од глобалната продажба на автомобили.
  • ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ПАЗАРОТ: СЕ ОЧЕКУВА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА (ЕВ) ДА ЗАЗЕМАТ ОКОЛУ 50% ОД ГЛОБАЛНАТА ПРОДАЖБА НА АВТОМОБИЛИ ДО 2030. Бројките на 2021 од 287,36 милијарди долари претставуваат 76% раст во однос на 160,01 милијарди долари на 2020 година. Се очекува овој број да се зголеми на 823,75 милијарди долари, што значи дека пазарот на ЕВ ќе се зголемува во просек за 18,6% на годишно ниво.

КИНЕСКИОТ ПАЗАР НА ЕВ:

  • КИНА Е ВОДЕЧКА (2021): ЕВ СОЧИНУВА ОКОЛУ 13% НА ПАЗАРОТ НА АВТОМОБИЛИ ВО КИНА, РАСТ ОД 3,5% ВО 2020: Повеќе од половина на вкупната продажба на електрични возила продадени низ светот (вклучувајќи и хибриди), отпаѓа на купувачи од Кина. Кина го предводеше глобалниот раст на ЕВ во 2021 бидејќи продажбата се речиси тројно зголеми (раст од 277%) на 3,4 милиони (од 0,9 милиони во 2020). Вкупниот број на автомобили продадени во 2021 во Кина е 16,28 милиони, а ЕВ сочинуваа околу 13% од пазарот.
  • УДЕЛ НА ПАЗАРОТ ВО КИНА: Тесла е најголем продавач на електричните возила во Кина со околу 14% од уделот на пазарот, следат GM’s Wulling (~11.8%) и BYD (~10%)
  • СЕ ОЧЕКУВА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО КИНА ДА ДОСТИГНАТ 40% ОД ПРОДАЖБАТА ДО 2030 ГОДИНА. Вкупната продажба на автомобили се очекува да се искачи на 38 милиони во 2030, од тоа околу 15 милиони (или 40%) да сочинуваат електрични возила.

ПОДЕЛБА НА АКЦИИТЕ НА ТЕСЛА:

  • НАСТАН (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 3:1) ПОДЕЛБАТА СТАПИ ВО СИЛА НА 25 АВГУСТ ПРЕД ОТВОРАЊЕ НА ПАЗАРОТ. Цената на акција беше поделена во однос 3:1 по затворање на пазарот на 24 август.
  • Според МаркетВоч, инвеситорите ја доживуваат поделбата на акции како знак на доверба во компанијата од страна на менаџмент, зашто поделбата обично се случува кај акциите кои зад себе го имаат биковскиот моментум. Поделбата исто така ја зголемува ликвидноста, правејќи ги акциите подостапни за поголем број на инвеститори, нешо што Амазон го потврди кога ја објави поделбата.
  • ИСТОРИЈА НА ПОДЕЛБА НА АКЦИИТЕ (АВГУСТ 2020): Акциите се зголемија за 13,25% првиот ден по објава (11 август 2020). Помеѓу 11 и 31 август (кога поделбата стапи на сила), акцијата се зголеми за 61,18% и го тестираше највисокото ниво на сите времиња 2317,98 долари по акција. Откако поделбата на акциите стапи во сила, во следните дванаесет месеци, акцијата се зголеми за 65,91%.

СТАТИСТИКА: Од 1980 година, акциите на компаниите што ги поделиле своите акции, типично се зголемуваат за 25% во следната година, во однос на поширок пазар, на кој се зголемуваат за 9%, покажува најнова студија на Банка на Америка.

ДВИЖЕЊЕ НА АКЦИИТЕ ПО ПОДЕЛБАТА (ИЗВОРИ: YahooFinance, Bloomberg, Fortrade MT4):

Епл (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 7:1, стапи во сила на 9 јуни 2014): 3 месеци: +8,69%, 6 месеци: +19,26%, 12 месеци: +37,00%.

Тесла (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 5:1, стапи во сила на 31 август 2020): 3 месеци: +28%, 6 месеци: +53%, 12 месеци: +65,91%

Епл (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 4:1, стапи во сила на 31 август 2020): 3 месеци: -4,5%, 6 месеци: +2,11%, 12 месеци: +22,00%

НВидиа (ПОДЕЛБА НА АКЦИИ 4:1, стапи во сила на 20 јули 2021): 3 месеци: +17,60%, 6 месеци: +30%, 12 месеци: -

*Имајте во предвид дека минатите резултати не гарантираат исти резултати и во иднина.

ДРУГИ НАСТАНИ И АНАЛИЗА:

  • Тесла ќе лансира во Кина нов, потполно унапреден Модел 3, со батеријата на CATL M3P, чии животен век трае барем 10% подолго. Третина од автомобилите на Тесла се произведуваат во фабриката во Шангај.
  • ПОЛУКАМИОНОТ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ИСПОРАЧУВА КОН КРАЈОТ НА ГОДИНАВА. Компанијата примала нарачки од 2017 година. По лансирањето на Tesla Semi во 2017, PepsiCo испрати најголема нарачка на овој камион, сакајќи да му додаде 100 електрични камиони на својот возен парк. По ПОЛУКАМИОНОТ ќе биде лансиран и САЈБЕРКАМИОН следната година.
  • Тесла ќе наплатува 15 000 долари за помош на возачите, наречен Full Self-Driving, зголемувајќи ја цената на контроверзниот производ за втор пат во годинава. Зголемување на цената ќе стапи во сила на 5 септември за клиентите од Северна Америка.
  • ДВИЖЕЊЕ НА ЦЕНАТА НА АКЦИЈА: АКЦИИТЕ ДОЖИВЕАА ПАЃАЧКА КОРЕКЦИЈА ОД ОКОЛУ 50,00% ОД НАЈВИСОКОТО НИВО НА СИТЕ ВРЕМИЊА 1243,25 (4 ноември 2021). Акцијата падна на најниско ниво од 2021 на 617,11 долари (25 мај 2022). Акциите на Тесла се движеа околу нивото 891 долари пред поделбата, а ако заздрави до највисоките нивоа на сите времиња, тоа ќе претставува раст од 39%.
  • МИСЛЕЊЕ НА АНАЛИТИЧАРИТЕ: Морган Стенли предвидува 383,3 долари, Дојче Банк предвидува 375 долари. Миѕухо предвидува 391 долар по акција.

ТЕСЛА, 25 август 2022
Сегашна цена: 300

ТЕСЛА

Неделниот

Правец на трендот

РАСТ

Отпор 3

380

Отпор 2

360

Отпор 1

330

Поддршка 1

280

Поддршка 2

260

Поддршка 3

245

Пример на пресметката врз основа на неделниот правец на трендот за 1 Lot1

ПИВОТ ТОЧКИ

Отпор 3

Отпор 2

Отпор 1

Поддршка 1

Поддршка 2

Поддршка 3

Профит или загуба во $

80,000.00

60,000.00

30,000.00

-20,000.00

-40,000.00

-55,000.00

Профит или загуба во €²

79,973.61

59,980.21

29,990.10

-19,993.40

-39,986.80

-54,981.86

Профит или загуба во £²

67,526.50

50,644.88

25,322.44

-16,881.63

-33,763.25

-46,424.47

Профит или загуба во C$²

103,192.00

77,394.00

38,697.00

-25,798.00

-51,596.00

-70,944.50

1. 1.00 lot е еквивалент со 1 000 единици

2. Датум и време девизниот курс употребени за калкулациите се 11:05 GMT+1 и 25.8.2022.

Fortrade препорачува употреба на Запрете загуба (Stop-Loss) и Земете профит (Take-Profit), Ве молиме да ја контактирате вашата поддршка.

· Земете во предвид дека позицијата во профит можете да ја затворите, дури и ако е профитот понизок од предложениот.

· Trailing stop техника може да го заштити профитот - Контактирајте со својата поддршка за повеќе детали.

Споделете преку вашата мрежа
TESLA Графикон
Време за ажурурање: -
Највисоко
Најниско
1M 5M H D W
Цените се изготвуваат..
Подготвени за тргување?Започнете сега