EUR/USD се искачи на највисокото ниво во три недели. Европската инфлација го достигна целното ниво, а американската валута нагло падна поради бројките на NFP кои беа пониски од очекуваните.
Британската фунта се зголеми бидејќи податоците за производство беа подобри од очекуваните. Тоа се случи пред состанокот на Банката на Англија, на кој ќе се одлучува за каматните стапки.
USD/JPY падна од највисокото ниво во повеќе години и до крајот на неделата достигна најниско ниво во три недели. Банката на Јапонија, наводно, интервенирала двапати минатата недела за да го поддржи јенот на валутните пазари.
Цената на златото се намали на најниско ниво во еден месец откако Федералните резерви на САД ги задржаа каматните стапки непроменети на 5,5%. Претседателот на Фед, Пауел, изјави дека банката нема да ги намали стапките додека инфлацијата не покаже дека се движи кон целното ниво од 2%.
Цената на берзанските индекси ја заврши неделата во зелено по нестабилната недела на големи економски настани и објавување на податоци. Гигантите Apple и Amazon ги надминаа очекувањата за заработка, бидејќи сѐ уште трае сезона на објавувањето на финансиските извештаи.
Цената на нафтата падна на најниско ниво во повеќе од седум недели, забележувајќи го својот најголем неделен губиток во последните три месеци. Податоците кои укажуваат на забавување на американската економија ги загрижуваат трговците, кои сметат дека побарувачката на нафта може да се намали. Но, нафтата останува погодена од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.