CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 06/09/2021 - 10/09/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 08/09/2021

08 септември, 2021
Неделни анализи 08/09/2021 Економски календар

Еврото зајакна во однос на доларот. Порастот на инфлацијата во еврозоната e на десетогодишно највисоко ниво од 3%, предизвика жестока реторика од претставниците на ЕЦБ. Ова и даде поддршка на заедничката валута пред состанокот за политиката на ЕЦБ во четврток. Не е јасно дали има мнозинство во Управниот совет на ЕЦБ за постепено намалување на монетарната стимулација на Централната Банка на ЕУ.

Британската фунта благо порасна поради слабоста на доларот. Обединетото Кралство и ЕУ го продолжија грејс-периодот по Брегзит на Северна Ирска на неопределено време, што обезбеди поттик за фунтата, додека, од друга страна, бројот на дневни инфекции со Ковид-19 надминаа 40.000. Јапонскиот јен малку се промени во однос на доларот. Севкупно, индексот на доларот потона, но во вторникот имаше импресивен раст, имајќи корист од закрепнувањето на приносите на американските државни обврзници.

Цената на златото се искачи над нивото од 1.830 во петокот, поради извештајот за работни места во САД кој беше полош од очекуваниот. Сепак, цената на златото се повлекува кон 1800 долари, бидејќи се фокусирани на исходот на состанокот на ЕЦБ в четврток.

Американските индекси завршија на рекордно високо ниво, бидејќи континуираната монетарна поддршка од Федералните резерви на САД е сеуште стандардната опција дури и во иднина.

Цената на нафтата малку се промени минатата недела. Саудиска Арабија остро ги намали договорените цени за суровата нафта за купувачите од Азија, што предизвика стравувања од пониска побарувачка. Сепак, силните кинески економски податоци ги ограничија загубите во вторникот и обезбедија поддршка за цената на нафтата. Повеќе од 80% од производството на нафта во Мексиканскиот Залив остана затворено по ураганот Ида, додека ОПЕК+ се држеше до своите планови да го зголеми производството за 400.000 барели дневно во септември.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега