CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 77% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 76% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете голем ризик да ги изгубите парите.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 13/09/2021 - 17/09/2021

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 15/09/2021

15 септември, 2021
Неделни анализи 15/09/2021 Економски календар

Еврото ослабе во однос на доларот. Се чини дека Европската централна банка не е загрижена за повисока ифнлација во Еврозоната од минатата недела. Покрај тоа, левоцентристичката партија (СДП) ја зацврсти својата позиција во Германија. Нивниот лидер Олаф Шулц не ја отфрли можноста за коалиција со радикалната левица, што вршеше мал притисок врз заедничката валута.

Британската фунта благо порасна и покрај тековната пост-Брегзит тензија помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Британската страна инсистира дека може да продолжи да го крши протоколот на Северна Ирска. Сепак, одличните бројки за работни места во Обединетото Кралство покажаа уште еден пад на стапката на невработеност од 4,7% на 4,6% во вторникот, поддржувајќи ја фунтата.

Јапонскиот јен малку се промени во однос на доларот. Генерално, индексот на доларот беше малку изменет поради нестабилноста.

Цената на златото падна минатата недела, и заврши малку под нивото 1.800, пред објава на податоците на американскиот CPI (што треба да се објават) во вторникот.

Американските индекси ја завршија минатата недела на пониски нивоа. Инвеститорите сега очекуваат значителна корекција на берзите до крајот на годината, при што некои ќе очекуваат и глобалното економско закрепнување. Можното усвојување на буџетскиот пакет на американскиот претседател Џо Бајден од 3,5 трилиони долари ја поддржува берзата.

Цената на нафтата порасна минатата недела достигнувајќи го највисокиот ниво во последните шест недели. Стравувањата дека новоформираниот ураган Николас (повторно) може да направи хаос на јужните брегови на САД и да закани со поплави и прекин на електричната енергија во Тексас и Луизијана. Вестите предизвикаа цената на нафта да се зголеми над нивото 70. Покрај тоа, Меѓународната агенција за енергија прогнозира растот побарувачката до крајот на годинава.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега