CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 71% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 70.91% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 14/11/2022 - 18/11/2022

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 23/11/2022

23 ноември, 2022
Неделни анализи 23/11/2022 Економски календар

Еврото падна на пониски нивоа откако доларот се искачи на крајот од минатата недела, по благите коментари на претставниците на ФЕД. Во четвртокот, беа објавени резултатите за ифналција во Еврозоната и тие беа пониски од очекуваните.

Британската фунта се искачи во однос на доларот по објавувањето на податоците за инфлацијата во Велика Британија. Податоците за инфлацијата на CPI беа повисоки од очекуваните, зголемувајќи ја веројатноста за поостро зголемување на каматите стапки од страна на Банката на Англија во следните месеци.

УСД/ЈПУ се движеше во растечкиот тренд до крајот на неделата, бидејќи гувернерот на јапонската централна банка, Курода, ја повтори својата решеност да го задржи монетарното олеснување.

Цената на златото падна од највисокото ниво во последните три месеци по растот на доларот во петокот. Изјавите на претставниците на ФЕД укажуваат на тоа дека зголемувањето на каматите стапки ќе продолжи сѐ додека инфлацијата не биде цврсто под контрола.

Американските акции ја завршија неделата на пониски нивоа, откако достигнаа највисоко ниво во последните два месеци, бидејќи инвеститорите станаа помалку оптимистични за состојбата на американската економија. Иако бројките за инфлацијата во САД од претходната недела беа пониски од очекуваните, аналитичарите истакнаа дека е премногу рано да се каже колку долго ќе трае рецесијата.

Цената на нафтата нагло падна бидејќи Кина објави зголемување на инфекции со Ковид и нови ограничувања. Стравувањата од глобалната рецесија, исто така, негативно влијаат врз цената на нафтата. Сепак, неделните бројки на резервите од САД беа позитивни, што укажува на тоа дека побарувачката таму останува силна.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега