
Еврото се намали во однос на доларот минатата недела откако индикаторот на инфлација во САД, CPI, беше повисок од очекуваното, а истовремено други клучни економски податоци во САД доминираа на пазарот. Бројките укажуваат на тоа дека каматните стапки ќе продолжат да растат и во наредните месеци.
Британската фунта се движеше на пониско ниво откако повисоките податоци за продажбата на мало во САД и статистиката за индексот на цените на производителите подоцна оваа недела потврдија дека американската економија сѐ уште е прегреана.
Валутниот пар USD/JPY се движеше на повисоко ниво откако Банката на Јапонија не покажа знаци на промена во својата ултра-лесна политика на каматни стапки.
Цената на златото достигна најниско ниво во шест недели по објава на повисоките податоци за инфлацијата во САД. И Goldman Sachs и Банка на Америка предвидува уште три зголемувања на каматните стапки од 25 базични поени оваа година. Повисоките каматни стапки вршаат притисок врз цената на златото.
Американските акции паднаа минатата недела, бидејќи трговците продолжуваат да се грижат поради можнотста за зголемување на каматните стапки што би можело да предизвика уште едно економско забавување. Сезоната на заработка во меѓувреме се ближи кон крајот, при што 69% од компаниите ги надминаа очекувањата за заработка досега.
Цената на нафтата падна на најниско ниво во десет дена откако резервите на сурова нафта се пополнија до највисоко ниво од јуни 2021 година. Во месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергија се наведува дека побарувачката на нафта ќе се зголеми за 2 милиони барели дневно во 2023 година во споредба со минатата година.