
EUR/USD падна минатата недела поради грижи во врска со горна граница на американскиот долг, што предизвика раст на доларот, валута на сигурното заслониште.
Британската фунта продолжи да расте во однос на доларот. Банката на Англија одлучи да ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени, што е во согласност со очекувањата.
Парот USD/JPY се зголеми и достигна највисоко ниво во десет дена, а јенот падна во однос на доларот во петокот.
Цената на златото стрмо падна откако доларот се зголеми поради што овој благороден метал стана поскап за трговци, што тргуваат во странски валути.
Сезоната на заработка забележи повеќе компани коишто ги објавија своите резултати. Virgin Galactic објави разочарувачки резултати, но ги одужеви инвеститорите со веста дека во мај ќе изведе пробен лет во мај, а од јуни ќе отпочне да изведува и комерцијални летови. Walt Disney објави многу позитивни резултати.
Цената на нафтата падна минатата недела бидејќи инвеститорите станаа загрижени за побарувачка во САД во иднина. Сепак, шумски пожари во Канада, коишто предизвикаа намалување на понудата за 320 000 барели дневно, ја поддржаа цената.