
Евродоларот се движеше на повисоки нивоа откако податоците за инфлацијата во САД и другите индикатори беа пониски од очекуваните. Доларот падна во однос на сите главни ривали.
Британската фунта се искачи на највисокот ниво во два месеци во однос на доларот. Бројките за инфлацијата во Велика Британија, објавени минатата недела, дури и ако беа под очекувањата не го променија трендот на фунтата.
Парот USD/JPY се искачи на ново највисоко ниво во една година, откако јапонските економски податоци за бруто домашниот производ разочараа.
Цената на златото се зголеми минатата недела по податоците на САД кои сугерираат дека инфлацијата е под контрола. Трговците предвидуваат дека тековниот циклус на зголемување на катамтните стапки Фед е завршен и дека каматните стапки може да бидат намалени двапати во првата половина од следната година.
Американските акции повторно се зголемија, потврдувајќи ја својата најдолга серија на раст во последните две години. Технолошките и малопродажните акции ги надминаа другите сектори во последниве недели.
Цената на нафтата продолжи да паѓа на рекордно ниско ниво во три месеци, бидејќи сѐ уште постои загриженоста за кинеската економија и побарувачката на нафта во САД. Сепак, извештаите сугерираат дека на својот состанок на 26-ти ноември ОПЕК може да донесе одлука за дополнително намалување на производството, што потенцијално би можело да ѝ помогне на цената.