
Евродоларот скокна на највисоко ниво во две недели поради солидните податоци од Еврозоната и откако оценките агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД, поради зголемената загриженост за долгот.
Британската фунта се искачи на тригодишно највисоко ниво по повисоките од очекуваните бројки за инфлацијата и продажбата на мало во Велика Британија, поради очекувањата дека Банката на Англија може да одлучи против повеќекратното намалување на каматните стапки оваа година.
USD/JPY нагло падна пораби побарувачката за безбедно засолниште кон крајот на неделата. Податоците за инфлација во Јапан покажуваат раст, а пазерите очекуваат уште едно зголемување на каматните стапки од страна на Банка на Јапонија во јуни, што исто така вршеше притисок врз парот.
Цената на златото скокна на крајот од неделата бидејќи претседателот Трамп истакна дека ќе се зголемат царини за 50% за стока од Европската унија, почнувајќи од 1 јуни.
Американските берзи паднаа откако претседателот Трамп изјави дека трговските разговори со ЕУ „не одат никаде“, што повторно ги разбуди стравувањата за штетна трговска војна. Трамп, исто така, изјави дека Apple ќе мора да плати 25% царина за iPhone произведени надвор од САД, што го предизвика падот на акциите.
Цените на суровата нафта паднаа под нивото од 60 долари во петокот, но се опоравија откако петтата рунда разговори меѓу САД и Иран заврши во петокот без договор.