November 7, 2018

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Американскиот долар падна во споредба со еврото минатата недела, бидејќи неговата улога на сигурно засолниште избледи, како резултат на надежта дека ќе биде постигнат договор меѓу Кина и САД, бидејќи состанокот на претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Кси Ѓипинг, е закажан и на него ќе дискутираат за крајот на тековниот трговски спор.
Британската фунта зајакна заради надежта и шпекулациите дека конечниот договор со ЕУ наскоро може да биде постигнат. На состанок за монетарната политика, минатата недела, гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни сигнализираше дека зголемувањето на каматните стапки е можно, под услов Брегзит да биде уреден.
Јапонскиот јен ослабна, кога Банката на Јапонија се сретна и најави дека ќе продолжи со својата лабава монетарна политика.
Генерално, американскиот долар ослабна и покрај резултатите подобри отколку што се очекуваше од пазарот на трудот на САД минатата среда, кои исто така покажаа дека стапка на невработеноста остана на најниското ниво во 49 години.
Американските акции паднаа минатата недела, кога тримесечните резултати на приходите на неколку компании беа мешовити и бидејќи стравовите од забавување на глобалниот раст го засилија негативниот сентимент на Вол Стрит.
Турската лира продолжи со заздравување и практично ги надомести сите загуби забележени од почетокот на август. Подобрите односи меѓу Анкара и Вашингтон го поддржаа растот на лирата.
Цените на злато се маку променија минатата недела, но неделата ја заври малку повисоко поради послаб долар и зголемен сентимент без ризик.
Цената на нафтата продолжи со опаѓање минатата недела поради веста дека администрацијата на Трамп постепено ќе наметне санкции за Иран, за да се спречи растот на цената на нафтата. САД гарантираше привремен увоз на нафта на држави кои откажаа увоз од Иран, во траење од 180 дена на осум држави - Кина, Индија, Јужна Кореја, Италија, Грција, Јапонија, Тајван и Турција.