December 5, 2018

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото беше постојано во споредба со доларот. Сепак, заедничката европска валута имаше повеќе корист од падот на доларот отколку од добрите економски податоци од Еврозоната.
Британската валута малку заздрави поради оптимизмот во врска со Брегзит договорот и ја поддржаа резултатите од производството и градежништвото, коишто беа подобри од очекуваните. Гласањето на Парламентот за договорот на британската премиерка Тереза Меј со ЕУ е закажано за 11 декември.
Јапонскиот јен забележа мал пад во споредба со посилниот американски долар, главно поради самитот на Г20 и трговските стравови, коишто се зголемија кон крајот на неделата.
Генерално, американскиот долар падна минатата недела, поради олеснувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина. Индексот на американскиот долар падна, откако американскиот и кинескиот претседател, Трамп и Ѓипинг, ветиле дека ќе запрат воведување нови тарифи за 90 дена, на Самитот на Г20 во Буенос Аирес. Благи сигнали од Федералните Резерви на САД покажаа дека постои можност зголемувањето на каматните стапки дека ќе бидат паузирано по очекуваното зголемување во декември.
Турската лира зајакна во споредба со доларот, но забележа загуби во понеделникот и вторникот.
Цената на златото се зголеми минатата недела, поради слабеењето на доларот, и го допре нивото 1.240 во вторникот.
Американските берзи забележаа добивки минатата недела, но останаа волатилни, додека акциите на технолошките компании, како што е Apple се сеуште под притисок. Wall Street Journal ги зголеми стравовите дека Apple би можел да се соочи со предизвици, известувајќи дека претседателот Трамп предложил да се воведат тарифи за iPhone и лаптопи кои се увезуваат од Кина. Прашањето е: дали договорот меѓу Кина и Сад за суспендирање на тарифите за 90 дена ќе го реши спорот на подолг временски период.
Цената на нафтата се зголеми минатата недела, пред очекуваните намалувања на производство на ОПЕК и наредено намалување на снабдувањето од Канада. Канадската провинција Алберта ги принуди производители да намалат производство за 9%, за де справи со проблемите на нафтовод, кои предизвикаа зголемување на резервите. Русија и Саудиска Арабија се согласија за потребата од намалување на производство, за да се стабилизира пазарот. ОПЕК ќе одржи состанок на 6 декември, за да одлучи да го намали производство на нафта.