Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 07/01/2019 - 11/01/2019
January 9, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото заздрави од својот остар пад во текот на првиот ден на тргувањето годинава. Сепак, економијата на еврозоната покажа повеќе знаци на забавување. CPI на еврото беше помал отколку што се очекуваше, додека индустриското производство во Германија минатиот вторник покажа понатамошни знаци на контракција.
Слично, британската фунта заздрави поради послабиот долар. Следната недела, се очекува дека парламентот на Велика Британија ќе гласа за Брегзит договорот на премиерката Тереза Меј. Некои од членовите на нејзината Конзервативна партија веќе го имаат изјавено своето противење на договорот со ЕУ. Ова ја ограничува можноста на премиерката на Велика Британија да ја заврши Брегзит сагата по две и пол години.
Јапонскиот јен изгуби малку од поранешните добивки минатата недела во споредба со доларот, поради олеснување на трговските тензии меѓу САД и Кина.
Генерално, американскиот долар падна минатата недела. Очекувањата се зголемуваат меѓу инвеститорите дека ФЕД ќе го паузира својот циклус на зголемување на каматните стапки. Гувернерот Џером Пауел изјави дека ФЕД не е на правиот пат на зголемување и беше подготвен да го смени курсот, во зависност од податоците. Од друга страна, одличните NFP податоци во петокот ја потврдија силата на американската економија.
Турската лира ослабна минатата недела, поради зголемувањето на волатилноста, бидејќи валутите на пазарите во развој ослабнаа. Следната недела, Централна банка на Турција ќе одржи клучен состанок за да одлучи за каматните стапки.
Олеснување за инвеститорите донесе зголемувањето на американските акции поради надежта дека САД и Кина би можеле да достигнат напредок во текот на дводневниот состанок во Пекинг и извештајот за работните места, кои беа подобри, отколку се очекуваше. Благата изјава на гувернерот на ФЕД во петокот исто така ги поддржи акциите.
Цената на нафтата заздрави минатата недела, поради намалувањето на снабдувањето од ОПЕК произведувачите и надежта дека олеснувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина би можело да ги зголеми изгледите на побарувачката. Ројтерс објави дека снабдувањето од ОПЕК падна во декември за 460,000 барели дневно, на 32.68 милиони.