January 30, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна во споредба со послабиот долар. Европската централна банка ги потврди полошите економски податоци, кои преовладуваа во еврозоната. Но , заедничката европска валута беше поддржана од страна на добрите очекувања за инфлацијата кои останаа во опсегот на упатствата за каматните стапки на ЕЦБ.
Британската фунта се зголеми околу 6 % од почетокот на годината, но дополнителните добивки би можеле да бидат ограничени, освен ако британскиот парламент не добие убедливо мнозинство на гласовите за алтернативен план Б за Брегзит .
Јапонскиот јен малку зајакна во споредба со послабиот долар и покрај слабите извозни очекувања за земјата, главно поради трговската војна меѓу САД и Кина.
Севкупно, индексот во американскиот долар падна на нивоа малку над 95 – најниското ниво во две недели, поради стравовите од можното забавување на зголемувањето на каматните стапки. Учесниците на пазарот ќе се фокусираат на средбата за монетарна политика на Федералните резерви во среда и на упатствата за иднината. Се очекува дека гувернерот Џером Пауел ќе ги признае растечките ризици за американската економија.
Турската лира малку се промени во споредба со доларот, бидјеќи министерот за трговија Албајрак присуствуваше во Давос и изрази уверување дека економијата нема да падне во рецесија годинава, како што стравуваат некои економисти.
Американските акции главно не се променија минатата недела. Големите технолошки гиганти како Apple, Microsoft, Facebook и другите големи компании како Tesla, Boeing, Visa и Amazon ќе ги објават своите квартални резултати оваа недела. Американските обвиненија против кинеската компанија за телекомуникации Huawei ја зголемија несигурноста во врска со можноста за напредок во трговските разговори меѓу САД и Кина, кои се одржуваат оваа недела.
Цената на нафтата падна минатата недела. Бројот на американските нафтени платформи, се зголеми за 10 , обезбедујваќи ѝ поддршка од петокот. Политичката криза во Венецуела, исто така, обезбеди поддршка за нафтата, иако саудискиот министер за енергија ал- Фалих изјави дека политичките превирања во Венецуела нема да имаат големо влијание врз глобалните пазари на нафта, кои исто така се добро снабдени.
Златото се движеше на повисоките нивоа, најдминувајќи го нивото 1300 за првпат од октомври минатата година. Златото е поддржано од трговските тензии, благите изјави на ФЕД и неодамнешната слабост на доларот.