March 13, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото силно ослабна во споредба со американскиот долар минатата недела, затоа што ЕЦБ на својот состанок за монетарна политика останала блага. Банката има понудено нов монетарен стимул всушност, им понуди ефтини кредити на европските банки. Сепак, слабите NFP податоци од петокот и послаби податоци за инфлацијата во вторникот и обезбедија поддршка на европската валута.
Измените на Брегзит договорот, обезбедени од премиерката Меј и помогнаа на опаѓачката британска фунта во понеделникот, пред клучното Брегзит гласање во парламентот закажано за вторникот вечерта. Сепак, фунта ги загуби своите поранешни добивки, откако стана јасно дека ревидираниот Брегзит предлог немаше поддршка од опозициската Лабуристичка партија или некои про-Брегзит пратеници.
Јапонскиот јен малку зајакна пред овонеделната одлука за каматните стапки и изјавата за политиката на Банката на Јапонија. Каматните стапки се очекува да останат на сегашното ниво од минус 0.10%.
Генерално, индексот на американскиот долар малку се зголеми во спроедба со главните валути оваа недела, иако мешовитите извештаи за работните места покажале разочарувачки број на нови работни места, отворени во минатиот месец.
Цената на златото се движеше малку под нивото од 1300, бидејќи инвеститорите останаа загрижени за состојбата на глобалната економија.
Турска лира се движеше на пониските нивоа бидејќи турската економија падна во рецесија во четвртиот квартал на 2018 година, според податоците, коишто ги објави Органот за националните статистички податоци на 11 март.
Индексите на САД беа во опаѓачкиот тренд минатата недела, но заздравија во понеделникот, поради добрите податоци за добивките на Apple и Facebook. Подобрите од очекуваните резултати за продажбата на мало во САД за месец јануари, го надоместија стрмниот пад на Боинг, чии акции паднаа по несреќата на еден од авионите на компанијата во Етиопија во неделата.
Цената на нафта малку се промени минатата недела, но во понеделникот беше поддржана од изјавата на министерот за енергија на Саудиска Арабија Ал-Фатих, кој изјави дека Саудиска Арабија ќе продолжи со намалување на снабдувањето, многу пониску од највисокото ниво од 10.3 милиони барели дневно. Влошувањето на економската ситуација во Венецуела исто така ја држи цената на сурова нафта во растечкиот тренд.