April 3, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото панда во споредба со доларот минатата недела. Голем број на економски показатели во Германија и евро зоната покажаа дека европската економија забавува. Во понеделникот, германскиот PMI покажа разочарувачки резултати додека американскиот PMI беше повисок отколку што се очекуваше. Ова, заедно со зголемувањето на долгорочните приноси, го турна еврото под нивото 1,12.
Британската фунта опаѓа, бидејќи третиот обид на премиерката Тереза Меј да ратифицира договор со ЕУ не доби поддршка од парламентот. Сценариото за Брегзит без договор на 12 април останува можно, и ако посланиците на Велика Британија не се согласат, веројатно е дека премиерката Меј ќе се врати во ЕУ за да побара уште едно продолжување на датумот за Брегзит .
Јапонскиот јен ослабе во споредба со доларот, бидејќи преовладуваше апетитот за ризик.
Турската лира падна на неделно најниско ниво во споредба со доларот, додека владејачката партија на претседателот Ердоган изгуби на локалните избори во голем број градови, заедно со Анкара.
Цената на златото остро опадна, бидејќи растот на доларот и аптитот за ризик ја намалаа побарувачката за жолтиот метал.
Американските индекси нагло се зголемија минатата недела, кога приносите на долгорочните обврзници се зголемија, додека изгледите за тековните трговски разговори меѓу САД и Кина предизвикаа доверба меѓу инвеститорите.
Цената на нафтата значително се зголеми минатата недела и ги потврди новите високи нивоа, многу над нивото 60. Побарувачката од Кина изгледаше цврста, додека нивото на производство во ОПЕК падна на четиригодишно најниско ниво, објави Ројтерс во понеделникот. Американските нафтени дупки се намалија за осум единици во петокот, на вкупно 816, што е најниско ниво за една година.