Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 08/04/2019 - 12/04/2019
April 10, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото заздрави миниатата недела, повеќе поради падот на доларод октолку поради силата на економијата на Еврозона. Состанок за монетарна политика на ЕЦБ ќе се одржи во среда, и се очекува дека каматните стапки ќе останат непроменети.
Британска фунта се малку измени во текот на неделата, но продолжи да биде многу волатилна. Премиерката Тереза Меј побара од водителите на ЕУ да одложат датумот на Брегзит до 30 јуни, со обид да го постигне договор со лидерот на опозицијата Џереми Корбин, којшто би можел да биде поддржан од парламент.
Јапонскиот јен главно не се промени во споредба со доларот, поради недела без настани во економска смисла во оваа земја.
Турската лира се движеше на пониските нивоа минатата недела и го допре најниското ниво во две недели, бидејќи спорни резултати на локалните избори предизвикаа стравови дека претседателот Ердоган ќе заостри контрола врз економското одлучување во оваа земја.
Цената на злато се зголеми во понеделникот и вторникот, бидејќи доларот престана да расте, додека ризик од Брегзит без договор и новиот трговски спор меѓу САД и ЕУ зајакна.
Индексите на САД се зголемија минатата недела, бидејќи предвидувања на инвеститорите останаа позитивини. Трговските разговори меѓу САД и Кина ќе се завршат во текот на следните четири недели. Но во понеделникот расположението се влоши, зошто се појави спорот меѓу САД и ЕУ. САД наведоа производи во вредност од 11 милијарди долари од ЕУ, врз кои би можеле да воведат дополнителните тарифи, додека ЕУ започна подготовка за повлекување на вубвенциите на авиони.
Цена нафте се значително зоглеми минатата недела, допирајѓи го нависокото ниво во 5 месеци. Добри NFP податоци во петок и гризи во врска со прекини во снабдувањето од Либија ги поддржаа цените. Министерот за енергија на Саудиска Арабија, Халид ал-Фатих, посочи дека одлуката за продолжување на намалувањето на производство во втора половина на 2019 година, би можела да биде донесена на пониско ниво во текод на заедничкиот состанок на министрите на ОПЕК.