June 5, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна минатата недела во споредба со доларот, кој е под притисок бидејќи постои очекување за уште едно намалување на каматните стапки од ФЕД во втора половина на оваа година значително се зоглеми. Европска Централна Банка ќе одржи состанок за монетарна политика в четврток, бидејќи лошите економски податоци се уште ја мачат еврозоната.
Во петокот, британската фунта падна на најниското ниво во исминатите пет месеци во споредба со доларот, пред да почне да зајакнува поради слабеењето на доларот, зашто политичката и економската неизвесност предизвикана од Брегзитот се уште доминира на пазарот.
Јапонскиот јен продолжи да зајакнува поради поблагата економска политика на САД и стана сигурно заслониште поради влошувањето на трговските односи меѓу САД и остатокот од светот.
Цената на златото остро се зголеми минатата недела. Слабеењето на доларот и трговската војна меѓу САД и Кина ги турна инвеститорите накај хартиите од вредност со фиксен приход и злато. Во понеделникот, Кина ја отфрли американската критика и нагласи дека неуспех на трговските разговори беше грешка на Белата куќа.
Индексите на американските акции паднаа минатата недела, бидејќи падот на приходот од американските владини обврзници и порастот на популарноста на безбедните инструменти изврши притисок врз нив. Во мај, американските акции забележаа најлош месец до сега оваа година, бидејќи инвеститорите се се повеќе загрижени за тоа, колку долго трговската војна може да трае.
Цената на нафтата паднаа за речиси десет проценти минатата недела. Забавувањето на глобалниот економски раст, заедно со неизвесноста поврзана со меѓународните трговски односи го сврте фокусот на трговци со нафта кон потенцијално слабеење на побарувачката. Во обид да се препречи поостар пад на цената на нафтата, министерот за енергија на Саудиска Арабија, Ал-Фатих изјави во понеделникот дека тој е убеден дека ОПЕК+ договор ќе се продолжи и по јуни.