August 7, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото зајакна во споредба со доларот минатата недела, покажувајќи голема волатилност. Федералните резерви ги намалија каматните стапки првпат од 2008, но претседателот на Федот Џером Пауел испрати збунувачки сигнал за инвеститорите, велејќи дека намалување не претставува почетокот на еден долг циклус на олеснување но исто така рече дека Федот ќе направи она што е потребно за да се одржи растот.
Британската фунта падна во споредба со доларот, но почна да се консолидира на многу пониски нивоа. Заменик на Борис Џонсон рече во текот на викендот дека британската влада сега работи на претпоставка дека нема да додје до договор со ЕУ.
Јапонскиот јен имаше корист од зголемување на побарувачка за валути на сигурното засолниште. Сепак, главните јапонски службеници ги предупредија инвеститорите во понеделникот, дека Токијо е подготвен да интервенира на пазарот на валути, ако прекумерни добивки на јен е заканат да и наштетат на економијата ориентирана на извоз.
Генерално американскиот долар падна минатата недела, завршувајќи на многу пониски нивоа, бидејќи повеќето аналитичари верува дека постои можност за уште едно намалување на каматните стапки следниот месец, за да се спречи каква и да економска криза поради трговската војна.
Американските акции стрмно паднаа. Претседателот Трамп најави нови тарифи од 10% врз Кина. Шекинг потоа ја девалвираше својата валута и потврди дека суспендира купување на земјоделските производи од САД, како одговор на ново воведени тарифи, кои што ќе бидат активни од 1 септември.
Цената на златото остро се зголеми допирајќи го највисокото ниво од мај 2013, поради трговските тензии и можноста за уште едно намалување на каматните стапки следниот месец.
Цената на нафтата остро падна минатата недела поради влошување на односите меѓу САД и Кина. Само во четврток, ВТИ сурова нафта изгуби 8%, што е најлош ден уште од февруари 2015. Предвидување за слаба побарувачка врши притисок врз цената на нафта.