September 25, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото продолжи да паѓа во однос на доларот. Загриженоста во врска со забавувањето на растот во еврозоната продолжија да вршат притисок врз заедничката европска валута, бидејќи голем број на податоци од Германија и Франција беа под очекувањата.
Британската фунта малку се промени минатата недела. Американскиот Врховен суд одлучи во вторникот дека премиерот Борис Џонсон го прекршил законот кога го суспендираше парламентот само неколку недели пред Брегзит, додека британската валута забележа голема волатилност.
Јапонскиот јен зајакна, бидејќи Банката на Јапонија одлучи дека нема да ја олеснува понатаму монетарната политика, додека глобалните грижи дополнително му помогнаа на јенот за заздрави, заедно со пониските приноси на државните обврзници на САД.
Генерално, индексот на доларот беше малку повисок откако Федералните резерви на САД ги намалија каматните стапки за 0,25% во средата. Сепак, ‘dot plot’ на ФЕД во врска со неговите очекувања за каматните стапки не покажа загриженост за понатамошните намалувања во оваа година, иако инвеститорите очекуваат уште намалувања.
Цената на златото со зголеми бидејќи сентиментот против ризикот надвладеа, бидејќи пазарите го прифатија фактот дека ФЕД ја намали својата каматна стапка и дека кинеската трговска делегација ја откажа посетата на американските фарми во Монтана, а нејзината цел беше да ги подготви понатамошните преговори помеѓу високи претставници следниот месец.
Американските акции малку се променија, бидејќи мешовитите пораки од ФЕД ги зголемија загриженостите меѓу инвеститорите дека понатамошните намалувања можеби нема да бидат образложени во блиска иднина.
По острото зголемување од минатата недела, цената на суровата нафта се консолидираше околу нивото 58 долари за барел. Саудиските претставници коментираа дека кралството веќе го поврати 75% од производство во главниот објект за преработка на сурова нафта. САД ги испратија војните трупи во регионот на Персискиот залив за да ги зајакнат воздушната и ракетната одбрана на Саудиска Арабија. Секретарот на државата, Мајк Помпео изјави во неделата дека подготвени се трупи за „спречување и одбрана“.