October 2, 2019

Одрекување од ризик: Примерот подолу е само за илустративни цели и се заснова на движења на цените добиени од Договори за разлика (CFD). Пресметките одразуваат хипотетички резултати со користење на историски или наведени податоци за цената на релевантниот инструмент на наведениот датум и не се показател за идните перформанси. Секое потпирање на овој материјал е строго на сопствен ризик на корисникот.
Еврото падна во однос на доларот, бидејќи овој валутен пар се движеше на најниското ниво во последните две години. Слабите податоци за инфлацијата од Германија ги загрижија инвеститорите дека економската машина на еврозоната е можеби на својот пат кон рецесијата, што изврши дополнителен притисок врз европската заедничка валута.
Британската фунта се уште е под притисок, бидејќи неизвесностите во врска со Брегзит се уште се големи, додека британскиот Парламент беше повторно отворен минатата недела по привременото затворање, откако врховниот суд прогласи дека ова беше незаконски. Членот на монетарниот одбор на Банка на Англија, Саундерс, рече дека е „многу веројатно“ дека следниот чекор на Банката на Англија ќе биде намалување.
Јапонскиот јен ослабна, затоа што индустриското производство падна повеќе отколку што се очекуваше во август, покажаа податоците во понеделникот.
Генерално, индексот на доларот стрмно се зголеми откако другите економски податоци покажаа диспаритет меѓу цврстата состојба на американската економија и слабите економски перформанси на остатокот од развиениот свет.
Цената на златото нагло падна бидејќи преовладуваше расположението за ризик, и приносите на државните обврзници на САД продолжија да растат. „Кралот долар“ исто така вршеше притисок врз цената на златото.
Американскиот берзански индекс малку се промени. Планот објавен од Блумберг, дека САД планираат да запрат продажба на кинеските компании на американските берзи исто така вршеше притисок врз индексот. Сепак, Белата Куќа подоцна ги негираше таквите планови и пазарите сега оптимистично очекуваат следните недели, кога ќе се организира состанок на највисокото ниво поради трговските разговори меѓу САД и Кина.
Цената на нафтата нагло падна, бидејќи производствените капацитети на Саудиска Арабија беа целосно обновени на 11.3 милиони барели дневно. Покрај тоа, загриженоста во врска со забавувањето на глобалниот економски раст и тековната трговска војна меѓу САД и Кина извршија притисок врз цената на нафтата. Сепак, оваа недела беше објавено дека ОПЕК, САД и Русија го намалија своето производство во јули и август, што ја поддржи цената.